Нашата ЗЕЛЕНА иднина или ЗЕЛЕНАТА иднина на регионот (2021)

Нашата ЗЕЛЕНА иднина или ЗЕЛЕНАТА иднина на регионот (2021)

Автори: Дражен Шимлеша, Соња Вуковиќ

Опис: Преку оваа студија настојуваме да ја отвориме и да ја осветлиме темата на зелената економија, да ја ставиме во контекст на климатските промени, на Европскиот зелен план, да ги согледаме клучните предизвици, но, уште повеќе да ги истакнеме бројните развојни можности. Даваме приказ на состојбата и моменталните предизвици во земјите кои ги опфативме со оваа студија: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. За согледување на состојбата во земјите од регионот беше потребно да се проучи огромна документација, студии, политики и достапни анализи, а појдовна основа беа резултатите од регионалното истражување за состојбата на зелената економија од агол на организацијата на граѓанското општество, а кои се занимаваат со заштитата на животната средина, со развојот на заедницата, и со социјалната и зелената економија. Исто така, преку регионалните мултисекторски работилници и националните конференции, настојувавме да го наслушнеме гласот и видувањето на јавниот и на бизнис секторот, како и на експертите и на претставниците на академската заедница.