Небезбедна енергетска иднина

Небезбедна енергетска иднина

Автор: Еко-свест, Иван Трпески

Опис: Намерата на анализата е, врз основа на расположливата документација да се согледа моменталната состојба на експлоатација на фосилните горива за производство на електрична енергија во РМ со акцент врз лигнитот, кој е единствено гориво на територијата на РМ присутно во доволни количини за индустриска употреба – производство на електрична енергија. Со досега истражените резерви на лигнит, квалитетот, можностите за експлоатација и подготвеноста на постојните капацитети за долгорочно функционирање во услови на контролирани емисии, се поставува прашањето дали лигнитот е вистинска опција за долгорочно снабдување со енергија на РМ. Токму тоа е целта на анализава, да ги отвори можните перспективи и да покаже дали и можна и реална употребата на лигнитот како примарно гориво на подолг рок.