
План во вистинско време за Северна Македонија да ја забрза енергетската транзиција (2023)
Автор: The Nature Conservancy
Опис: Енергетскиот пејзаж на Европа се менува со невидено темпо – не само поради климатската криза. Енергетскиот систем на Европа, исто така, трпи нарушувања како резултат на руската инвазија на Украина. Многу европски земји забрзано ги ставаат во употреба обновливите извори на енергија (ОИЕ) за да го намалат јаглеродниот отпечаток и да ги диверзифицираат изворите на енергија, со што ќе ја зголемат нивната енергетска безбедност. Планот на ЕУ наречен Рипауер ЕУ (REPowerEU) има цел да одговори на овие прашања преку сеопфатен сет на мерки, вклучувајќи и воспоставување на зони за забрзано добивање дозволи: таканаречените „области за забрзување на употребата на обновливите извори на енергија“. Овие области треба да се усогласат со областите од висок принос на енергија, но исто така да избегнуваат зони со висока биодиверзитетска вредност како што се подрачјата на Натура 2000.
A blueprint for North Macedonia to accelerate its energy transition