
Тим ЕКО - Иднината е во природата (2022)
Автор: Еко-свест, Здравко Гиров, Давор Драмиќанин
Опис:
Еко-свест веќе две децении работи на подигнувањето на јавната свест за животната средина и влијанието на енергијата врз неа. Енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија е неминовен чекор ако сакаме да осигураме дека светот кој ќе го оставиме на наредните генерации ќе биде подобар од оној кој ние сме го наследиле од претходните генерации и ако сакаме нашите деца и нивните деца да живеат во здрава животна средина и да уживаат добро здравје и квалитетен живот.
За да успееме дел од оваа порака да пренесеме на младите – оние кои ќе бидат донесувачите на одлуки на утрешницата – со помош на Макстрипови ги создадовме суперхероите познати како Тим Еко.
Во ова издание се објавени првите две епизоди од серијата Тим Еко, која преку нашата интернет страница е достапна и во електронска верзија на албански, англиски, бошњачки, македонски, српски и црногорски јазик.