ТИМ ЕКО – ТОКСИЧЕН ШОК! (2025)

ТИМ ЕКО – ТОКСИЧЕН ШОК! (2025)

Автор: Здравко Гиров, Давор Драмиќанин

Опис: Еко-свест ви ја претставува третата епизода од стрипот Тим Еко, кој е посветен на темите од енергетската транзиција, одржливиот развој и заштитата на животната средина.

Целта на стрипот е на разбирлив и креативен начин да ги доближи овие важни концепти до пошироката јавност. Приказните и ликовите се измислени и служат како симболична претстава на предизвиците и можностите во процесот на зелена трансформација.

За да успееме дел од оваа порака да пренесеме на младите – оние кои ќе бидат донесувачи на одлуки на утрешницата – со помош на Макстрипови ги создадовме суперхероите познати како Тим Еко.

Третата епизода од серијата Тим Еко е издадена во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведен од Еко-свест и финансиран од Шведска.