Зелен телефон

Зелен телефон е алатка на Еко-свест преку која се овозможува пријавување на еколошки проблеми и барање правна помош.

  • Помош во доставување пријава или барање до надлежните за решавање на проблемот;
  • Советување во врска со еколошкиот проблем.

Пријави еколошки проблем од следните области:

  • Енергија – проблеми при развој и реализација на енергетски проекти (рудници, електроцентрали, цевководи и сл)
  • Води – проблеми со загадување на реки и други водни тела, нарушување на водните екосистеми, проблеми со вода за пиење
  • Природа – проблеми со уништување на див животински и растителен свет, пожари во природата, бесправни објекти во заштитени подрачја, инфраструктура во природата
  • Воздух – проблеми со загадување на воздухот, испуштање на штетни гасови во атмосферата
  • Отпад – диви депонии, палење на отпад на отворено, контаминиран отпад, недоодветно постапување со токсичен отпад и сл.
  • Урбано живеење – проблеми со бучава, мачење или усмртување на животни, несоодветно урбанистичко планирање, повреда на регулатива за градба, непочитување на закон за урбано зеленило, узурпирање на јавниот простор и сл.
  • Активно граѓанство – проблеми со пристап до информации од област на животната средина, ограниченост на учество на јавни расправи, одбивање на увид во документација од област на животна средина и сл.

Како да побарам поддршка од Еко-свест?

Сите граѓани можат да поднесат барање за ПРАВНА ПОДДРШКА до Еко-свест со пополнување на формуларот подолу.

Паралелно, сите граѓани можат да остварат комуникација со нас на нашиот бесплатен сервис – ЗЕЛЕН ТЕЛЕФОН (071 600 333) и да пријават проблем од областа на животна средина и природата.

Тимот на Еко-свест ќе Ве контактира за сите дополнителни информации, докази, слики и видеа. Ве молиме погрижете се дека Вашите контакт податоци во формуларот се точни.

Непотполните пријави без основните податоци нема да бидат разгледувани.

Пријави еколошки проблем