
Анализа за транспорт МК (2023)
Автор: проф. д-р Бети Анѓелевска и Жарко Хаџи Зафиров
Опис: Анализата нa состојбата и развојот на транспортот како извор на стакленички емисии треба да претставува водич во националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со оваа област. Оваа цел е во тесна корелација со една од посебните цели на проектот за поттикнување учество на граѓанските организации во носењето на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање активности на локално ниво.
Втората цел на анализата е да се зголеми свеста на граѓанските организации и пошироката јавност за можностите за развој на зелени сектори со ниско ниво на емисии, но и да се зголеми притисокот на јавноста врз институциите со цел развој на политики, програми и спроведување мерки во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.
0 Comments