
КОРИДОРИТЕ 8 И 10 - ДАЛИ ИМАМЕ ДОВОЛНО ГАРАНЦИИ ДЕКА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТИ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НЕГАТИВНО ВРЗ ШУМСКИОТ ФОНД (2023)
Автор: Бојана Божиновска Силјановска
Опис: Владата на РСМ на 7.3.2023 година го одобри договорот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Групи пратеници поднесоа девет предлози за изменување закони, кои, според образложението, се неопходни за реализација на проектот.
Меѓу другите беа предложени и измени на Законот за шумите. Со предлог-измените се уреди дека постапката за трајна пренамена на шумско земјиште нема да се врши кога се работи за „за градби од стратешки интерес утврдени со закон“.
Владата на 8.5.2023 со користење на т.н. скратена процедура со „европско знаменце“ достави предлози за пет од законите за кои веќе беа поднесени предлози од пратениците. Меѓу нив не беше Законот за шуми иако планираната
делница од Гостивар до Букојчани во голема мерка минува низ шумско земјиште и ќе треба да се изврши сечење шума.