Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници(МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски подржан од Владата на Шведска, објавува:

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ

ЗА ЛОКАЛНИ КЛИМАТСКИ АКЦИИ

Цел на повикот:

Програмата за доделување на грантови е една од главните елементи на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ чија општа цел е силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.

Со овој повик ќе им се обезбеди на граѓански организации да преземат директни акции во ублажување на последиците од климатските промени на локално или национално ниво и да поттикне синергија и партнерство со локалната власт и бизнис заедницата.

Право на учество:

На повикот може да се пријават граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник 52/10), кои се регистрирани најмалку 2 (две) години пред објавувањето на повикот. Граѓанските организации особено се стимулираат да изградат локални партнерства за спроведување на грантовите.

Времетраење на грантовите:

Грантовите за Локални климатски акции треба да се спроведат во временски период подолг од 12 месеци.

Вредност на грантот:

Секој одобрен грант треба да е со вредност до 3.000.000,00 денари. Ќе бидат доделени до 4 грантови.

Начин на поднесување на пријави:

Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат (online) преку електронската платформа за грантови и повици достапна на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk или на директниот линк: https://ekosvest.azurewebsites.net/

Заинтересираните организации потребно е да креираат кориснички налози (профили) на електронската платформа. За полесно користење на електронската платформа достапно е упатство за користење на самата платформа како и на веб-страницата на Еко-свест.

Рок за доставување на пријавите:

Рокот за поднесување на пријавите преку електронската платформа е до 30.11.2022 година до 23:59 часот.

Пријавите кои нема да бидат комплетирани во овој термин нема да бидат земени предвид.

Информативни сесии:

Во рамки на овој повик ќе бидат организирани четири информативни сесии во следните градови:

  • 03.11.2022 година (четврток) од 12 часот во Офицерски дом Битола;
  • 04.11.2022 година (петок) од 12 часот во хотел Холидеј Ин Скопје;
  • 11.11.2022 година (петок) од 18:00 часот во хотел Гранит, Охрид;
  • 14.11.2022 година (понеделник) од 12:00 часот во Млади хаб, (во рамки на Домот на културата Ацо Шопов) Штип.

Дополнителни информации:

Детални информации за повикот за грантови може да се добијат преку Водичот за Програмата за грантови кој е дел од овој повик и е објавен на: https://ekosvest.azurewebsites.net/

Сите прашања и дополнителни информации може да се упатат најдоцна до 15.11.2022 година на [email protected]. Одговорите на сите прашања ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk.

Share This

Share this post with your friends!