Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ предводен од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест, во соработка со Македонското здружение на млади правници(МЗМП) и Организација за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP), а финансиски подржан од Владата на Шведска, објавува

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА

АД-ХОК ГРАНТОВИ ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ

Цел на повикот:

Програмата за доделување на грантови е една од главните елементи на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ чија општа цел е силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, што би резултирало со чиста животна средина, зелени економии и здрави граѓани во Македонија.

Овој повик има за цел да овозможи одговор на итни акции и приоритетни прашања или проблеми во локалните заедници поврзани со климатската криза.

Право на учество:

На повикот може да се пријават граѓански организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник 52/10), кои се регистрирани најмалку 2 (две) години пред објавувањето на повикот. Граѓанските организации особено се стимулираат да изградат локални партнерства за спроведување на грантовите.

Времетраење на грантовите:

Ад хок грантовите за застапување треба да се спроведат во временски период не помал од 4 месеци и подолг од 6 месеци.

Вредност на грантот:

Секој одобрен грант треба да е со вредност до 360.000,00 денари. Ќе бидат доделени до 5 грантови.

Начин на поднесување на пријави:

Пријавите се поднесуваат исклучиво по електронски пат (online) преку електронската платформа за грантови и повици достапна на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk или на директниот линк: https://ekosvest.azurewebsites.net/

Заинтересираните организации потребно е да креираат кориснички налози (профили) на електронската платформа. За полесно користење на електронската платформа достапно е упатство за користење на самата платформа како и на веб-страницата на Еко-свест.

Рок за доставување на пријавите:

Пријавите се креираат и доставуваат во периодот од отворањето на повикот 27.10.2022 година до неговото затварање до 10.12.2022 година до 23:59 часот.

Пријавите кои нема да бидат комплетирани во овој термин нема да бидат земени предвид.

Информативни сесии:

Во рамки на овој повик ќе бидат организирани четири информативни сесии во следните градови:

  • 03.11.2022 година (четврток) од 12 часот во Офицерски дом Битола;
  • 04.11.2022 година (петок) од 12 часот во хотел Холидеј Ин Скопје;
  • 11.11.2022 година (петок) од 18:00 часот во хотел Гранит, Охрид;
  • 14.11.2022 година (понеделник) од 12:00 часот во Млади хаб, (во рамки на Домот на културата Ацо Шопов) Штип.

Точните локации и времето за секоја од информативните сесии ќе бидат дополнително објавени на веб страницата на Еко-свест и социјалните медиуми.

Дополнителни информации:

Детални информации за повикот за грантови може да се добијат преку Водичот за Програмата за грантови кој е дел од овој повик, и е објавен на: https://ekosvest.azurewebsites.net/

Сите прашања и дополнителни информации може да се упатат најдоцна до 15.11.2022 година на [email protected]. Одговорите на сите прашања ќе бидат објавени на веб страницата на Еко-свест https://ekosvest.com.mk.

Vodic-za-Programata-za-grantovi-2022Download

Upatstvo-za-koristenje-na-platformata-za-grantovi-i-povici-2022Download

Share This

Share this post with your friends!