Најчесто поставувани прашања

На кој јазик и писмо се пополнуваат податоците на платформата?

Податоците на платформата се пополнуваат на македонски јазик со македонска кодна поддршка, исклучок се полињата каде е посочено користење на латинично писмо со латинична кодна поддршка.

Зошто не ми работи полето за пополнување на пријава? Зошто дугмето за пополнување е сиво не може да се притисне?

За да можете да пристапите кон пополнување на пријава, неопходно е да пристапувате од одобрен профил на Здружение на граѓани или профил на експерт согласно барањата на конкретниот повик.

Дали неформална група може да се регистрира и да аплицира за грант?

Платформата за Грантови и повици како и актуелната програма се наменети за регистрирани и активни  Здруженија на граѓани пред 2020 година на територијата на С. Македонија.

Дали треба да се обезбеди кофинансирање за грантовите? Дали средства од грантовите може да се користат за кофинансирање на други проекти?

За оваа грантова програма не се бара кофинансирање. Средствата од оваа програма може да се користат за кофинансирање доколку активностите ги исполнуваат целите на програмата.

Дали една организација може да добие повеќе грантови?

Ќе се води сметка сите грантови да се доделат на различни организации.

Дали може да се користи веќе постоен документ за соработка во пријавата?

Секој документ за соработка е прифатлив се додека не е надвор од барањата на повикот.

Дали трошоци за ревизија треба да бидат дел од буџетот?

Согласно водичот за програмата за грантови предвидено е грантовите кои се над 360.000,00 денари да предвидат ревизија во своите буџети. Грантовите кои се под овој праг ќе бидат контролирани од тимот на Еко-свест.

Дали пријавувањето ќе биде само по електронски пат, или може и во печатена форма?

Целиот процес од регистрирање, пријавување, избор, водење, известување и затварање на проектите ќе се одвива по електронски пат. Во целиот процес ќе се избегнуваат печатења на документи освен доколку е неопходно како на пример договори.

Дали партнерот во проектот може да биде и корисник на добра и средства произлезени од овој проект?

Согласно водичот за програмата за грантови се додека се почитуваат насоките од истата не е проблем корисник на средствата да е партнерот бидејќи тоа може да биде суштински дел или да биде дел од одржливост на проектот.

Дали на сесиите може да се присуствува без пријавување или треба да се пријавиме некаде?

Инфо сесиите се јавни и отворени за сите заинтересирани. Доволно е да се појавите на закажаната локација и време без никакво пријавување.

Што е индикатор за помали ГО? Како се класифицираат истите?

Станува збор за организации кои немаат развиено капацитет за да работат на темата и им е потребна помош да ги развијат или доразвијат тие капацитети. Во исто време треба да имаат доволен капацитет за справување со соодветниот буџет, а поголемите грантови и буџети се надвор од нивните капацитети.

Дали смее да се побараат помалку финансиски средства од предвидените за грантот?

Се додека побараните средства соодветсвуваат со активностите во проектот и не го надминуваат горниот праг не е никаков проблем колку ќе бидат побарани од грантистите.

Дали како партнер освен невладини организации може да вклучиме образовни институции како факултети или средни училишта?

Организациите имаат целосна слобода да ги изберат своите партнери се додека тој избор обезбедува исполнување на целите на нивниот предлог проект.

Во која валута се внесува буџетот?

Буџетот согласно водичот за грантови за оваа грантова програма се внесува во МКД.

Колкав буџет да се предвиди за ревизија на проектите?

Немаме ограничување за ревизијата бидејќи цената за ревизија на секој проект зависи од комплексноста и големината на проектот. Единствено важно е дека ревизијата мора да биде по стандардите на СИДА.

Дали мора да се пополнат сите полиња прирегистрација?

Во системот на платформата разликуваме задолжителни (означени со *) и незадолжителни полиња. Задолжителните полиња како што и самиот назив кажува се задолжителни и се минимум податоци потребни за лице или организација да се регистрира на платформата. Регистрација е возможна доколку се пополнат и само задолжителните полиња.

Дали во проектот може да побараме средствата да ги користиме за набавка на механизација за потребите на месното население?

Согласно водичот за програмата за грантови дозволена е набавка на опрема се додека е во склоп на целите од повикот.

 

Во однос на буџетот, дали има процентуална ограниченост/граница до колку % од средствата може да се искористат за инфраструктурни активности од областа на зелената инфраструктура, фотоволтаици итн?

Согласно програмата за грантови нема ограничување колкав процент од средствата може да се користат за инфраструктура.

Ја завршивме пријавата и ја испративме по што добивме статус „Подготвена за проверка“ и не знаеме што тоа значи?

Статус на пријава „Подготвена за проверка“ значи дека успешно сте ја поднеле пријавата и истата оди во процес на проверка и евалуација.

Дали се прифаќа финансирање од две различни програми на СИДА?

Се прифаќа финансирање од две различни програми на СИДА, се додека  двата гранта имаат целосно поделени буџети и не финансираат исти активности.

Кои се потребните документи согласно повикот кои треба да се прикачат во апликацијата во поле Прилози?

Дополнителните документи зависат од вашата пријава т.е. ја надополнуваат истата како што е во описот на полето и според водичот на програмата. Доколку нема потреба согласно вашиот проект, во оваа фаза ние не ви бараме дополнителни документи. Треба да ставите се што мислите дека ќе ја поддржи вашата пријава.

Како се поднесува извештај?

Извештаите се поднесуваат исклучиво на самата Платформа за повици и грантови!

Извештаи поднесени на друг начин не се признаваат.

За начин како тоа се прави изготвено е детално упатство во менито за Грантови на веб страницата на Еко-свест како и соодветно видео.