Хероите на Еко-свест

“Coming together is a beginning. Keeping together is progress. Working together is success.” – Henry Ford

Ана Чоловиќ Лешоска

Ана Чоловиќ Лешоска

Извршен Директор

Ана Чоловиќ Лешоска е дипломиран биолог на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа, исто така, има студирано преговори во еколошкото право и моментално е запишана на постдипломски студии за екологија. Нејзиното искуство во областа на биологијата, како и широкиот спектар на обуки за меѓународно законодавство и преговори, меѓународни финансии и проценка на влијанието врз животната средина, ја обезбедија нејзината континуирана работа на транспонирање на Директивите на ЕУ во националното законодавство во областа на заштитата на животната средина. За време на нејзиниот 20-годишен професионален ангажман во секторот, таа има организирано и спроведено повеќе од 40 различни обуки за широк спектар на засегнати страни, а го има дадено својот придонес и на повеќе од 60 публикации во форма на студии, практични водичи, алатки, правни анализи итн. Нејзиното искуство во проектен и организациски менаџмент е резултат на комбинираниот национален и меѓународен ангажман во Eко-свест, WWF и CEE Bankwatch Network, каде што има раководено проекти со над 20 партнери и буџет од над 3 милиони евра. Ана станува меѓународно призната во 2019 година со освојувањето на престижната еколошка награда Голдман како една од 200-те активисти за животната средина кои ја имаат добиено оваа „зелена Нобелова награда“.

Оснoвач на Еко-свест.

[email protected]

Андрееа Миноска

Андрееа Миноска

Раководител со финансии

Дипломиран економист, долгогодишно искуство во работа со финансии во банкарскиот систем и во областа на зачувување на животната средина. На тимот на Еко-свест му се придружува во 2023 година како раководител на финансии.

andreea@ekosvest.com.mk

Елена Николовска

Елена Николовска

Раководител на програма Клима

Правник со долгогодишно искуство како еколошки новинар. Во Еко-свест е од 2017 година и ја координира комуникацијата на активностите и достигнувањата на организацијата. Работи и како проектен координатор во рамки на програмата за енергетика и клима.

[email protected]

Жарко Конески

Жарко Конески

Раководител на програма Енергија

Жарко е искусен проект менаџер и професионален тренер и фасилитатор со над 20 години активно искуство во управување со проекти и стратешко планирање. Дизајнирал и раководел со различни проекти насочени кон граѓански организации, национални и локални власти и деловниот сектор. Тој се приклучува на тимот на Еко-свест од Британскиот совет каде го водеше портфолиото за уметност, општество и управување за Македонија и го координираше регионалниот процес за мониторинг и евалуација за програмите од областа на уметноста.

Осум години работел како раководител за обука и комуникации за програма за развој на граѓанското општество на УСАИД насочена кон реформите на граѓанскиот сектор во Македонија. Потоа, во 2005 година се приклучил на Британскиот совет да води програми за учење и вмрежување во Центарот за знаење и учење во следните шест и пол години. Во исто време раководел со програми за учење на далечина за Глобалната развојна мрежа за учење на Светска банка во регионот на Европа и Централна Азија.

Жарко координирал бројни настани за меѓународни организации и модерирал донаторски и средби на високо ниво. Тој се фокусира на стратешко планирање, управување со проекти и употреба на новите технологии за развојни цели.

zarko@ekosvest.com.mk

Ѓорѓи Митревски

Ѓорѓи Митревски

Раководител на програма Води

Повеќе од 18 годишно искуство во истражување.

[email protected]

Стојан Лешоски

Стојан Лешоски

Координатор за грантови и ИТ поддршка

Инженер за компјутерски мрежи, во завршна фаза на магистерски студии по сајбер безбедност и дигитална форензика. Еден од основачите на Еко-свест, а од 2012 година и активен во организацијата на повеќе проекти. Работи на електронско вмрежување на граѓанскиот сектор и комуникација со институции, на прогласување на „Заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори“, а последно е ангажиран како координатор за грантови и ИТ поддршка, на проектот „Граѓанските организации во акција за клима“ финансиран од SIDA.

Оснoвач на Еко-свест.

[email protected]

Ивана Трпевска

Ивана Трпевска

Координатор за финансии и администрација

Овластен сметководител, дипломиран економист, специјалист по Банкарски менаџмент, во Еко-свест работи од 2021 година. Долгогодишно искуство во работа со финансии. Од мај 2022 работи на позиција координатор за финансии и администрација на проектот „Граѓанските организации во акција за клима“ финансиран од SIDA.

[email protected]

Наум Илиески

Наум Илиески

Локален проектен координатор

Во Еко свест е активен од 2021 година. Живее во Вевчани и од 2022 е редовен вработен во подружницата на Еко-свест во Вевчани како проектен координатор на проектот “Поддршка на одржливото управување со Заштитеното подрачје Вевчански Извори”. Работи на едукација на млади, со посетители како и со локалното население со цел поголема промоција и зачувување на заштитеното подрачје Споменик на  природата Вевчански Извори.

[email protected]

Дарко Ќитаноски

Дарко Ќитаноски

Локален проектен координатор

Магистер на економски науки од областа на финансискиот менаџмент. Во Еко свест е активен од 2022 година. Живее во Вевчани и од 2022 е редовен вработен во подружницата на Еко-свест во Вевчани како проектен координатор на проектот “Поддршка на одржливото управување со Заштитеното подрачје Вевчански Извори”. Работи на едукација на млади, со посетители како и со локалното население со цел поголема промоција и зачувување на заштитеното подрачје Споменик на  природата Вевчански Извори.

[email protected]

Орхидеја Златкова Коцарева

Орхидеја Златкова Коцарева

Административен соработник

Долгогодишно работно искуство во мегународни организации и во различни проекти на УСАИД , кои работеле во јакнење и поддршка на граганските организации, со давње на грантови, спроведување на обуки. Работното искуство по сите проекти на УСАИД и е во облста на раководењето со канцеларијата, административно работење, набавување и опремување на кацеларијата , логистичка поддршка во спроведување на обуки , затварање на проектите , а на некој од нив работи и како и финансиски асистент . На тимот на Екосвест се приклучува , токму во периодот на прославата на 20 годишнинта од основањето на Екосвест, како административен соработник.

orhideja@ekosvest.com.mk

Елеонора Ѓеорѓиевска

Елеонора Ѓеорѓиевска

Проектен асистент

Дипломиран педагог со долгогодишно работно искуство во администрација, во полето на човечки ресурси и организација на хуманитарни настани и дипломатски собири. На тимот на Еко-свест му се придружува во 2023 година како проектен асистент.

[email protected]