Упатство за користење на

Платформата за грантови и повици

Содржина
  • Важно
  • Регистрација на корисник
    • Пристап до апликацијата
    • Уреди го профилот на лице
  • Регистрација на организација
    • Креирање на профил на организација
    • Уреди го профилот на организација
  • Приклучи се на организација
  • Пополнување на пријава
    • Хоризонтални прашања
    • Пополнување буџет
  • Корекција на апликација
  • Проверка на организација (Due diligence)
  • Прилози кон договорот
  • Формулари за известување
  • Поднесување на извештај

Упатствата за користење на платформата за грантови можете да ги симнете од следните линкови на македонски и англиски јазик:

Eko-Svest-Users-Full-Manual-2023.pdf

Grant-manager-pro-Users-Manual-English.pdf

ВАЖНО! (задолжително да се прочита)

Регистрацијата на платформата се одвива во неколку чекори поради што е особено важно да се следи ова упатство.

Сите полиња кои се означени со * како задолжителни мора да бидат пополнети за профилите да бидат верификувани.

Корисниците прво регистрираат личен профил а после следејќи го упатството регистрираат профил на организација.

Профилот на организација не е регистриран се додека според упатството не се ажурираат податоците за истиот и не се испрати на проверка.

Лицата кои регистрираат организација стануваат администратори на истата и се задолжени за менаџирање на профилите на своите членови.

Само верификуван профил на организација има право да гледа и пополнува пријава за тековен повик.

Извештаите се поднесуваат исклучиво на самата Платформа за повици и грантови! Извештаи поднесени на друг начин не се признаваат.

Пристап до апликацијата

Кликнете на копчето Започни и штом се отвори поп ап прозорот, кликнете на Запишете се сега. Доколку имате проблем проверете дали вашиот веб прегледник е подесен да ги блокира поп ап прозорите.

Пополнете ги потребните податоци и кликнете на Send verification code.

Кодот за верификација што ќе пристигне на вашиот мејл, внесете го во полето и кликнете Verify code.

Пополнете ги вашите генералии и кликнете на Create за да го креирате профилот.

Уреди го профилот на лице

Во менито за профилот кликнете на Уреди го профилот.

Статусот на профилот е Нов, потребно е да се ажурираат податоците.

Кликнете на Ажурирај податоци и почнете со пополнување на полињата.

Во делот за Контакти изберете тип на контакт и внесете го во полето десно.

Доколку сакате да оставите дополнителен контакт (пр. Мобилен број) кликнете на копчето Додади контакт и одново Изберете тип на контакт и внесете го во полето десно.

На копчето означено со X може да отстраните поле со контакт.

Во делот Адреси одберете Поштенска и држава, а во полето десно впишете ја адресата. Под него запишувате населено место, а во полето десно одберете ја општината и поштенскиот код.

Можноста да се додаде дополнителна адреса или да се избрише ја има и во овој дел од уредувањето на профилот.

Во делот Сметки одберете го видот на сметка (Домашна или странска).

Десно во полето впишете ја сметката. Опција за додавање на повеќе сметки и бришење.

Во делот документи прикачете ги потребните документи.

Кликнете на копчето Сними.

По пополнување на сите полиња, профилот е подготвен за преглед.

На копчето Повеќе акции побарајте преглед на профилот т.е. негово одобрување.

Преглед на профилот е задолжителен чекор за да може да се креира или пристапи кон организација а подоцна и да се аплицира на повици.

Кликнете на копчето Поднеси

Процесот е успешно започнат. Кликнете на копчето Затвори.

Статусот на вашиот профил се менува во Одобрен, откако администраторот ќе го одобри вашиот профил.

Креирање на профил на организација

Кликнете на копчето Повеќе акции и одберете Креирај организација. . (Почетна страна –> Уреди го профилот –> Повеќе акции –> Креирај организација) Лицето кое креира организација станува администратор на истата.

Внесете ги основните информации за организацијата. Одберете тип на субјект и кликнете Поднеси.

Кога ќе добиете потврден мејл за регистрација, организацијата која сте ја креирале ќе се појави во делот за профил.

За да го уредите профилот на организацијата кликнете на Смени профил.

Одберете го новиот профил кој сакате да го ажурирате.

Напомена! Регистрирањето на профил на организација не е завршен се додека не се заврши постапката за негово ажурирање.

Уреди го профилот на организација

За да го уредите профилот на организацијата кликнете на Смени профил.

Одберете го новиот профил кој сакате да го ажурирате.

Статусот на профилот е Нов, потребно е да се ажурираат податоците.

Во делот за Контакти изберете тип на контакт и внесете го во полето десно.

Доколку сакате да оставите дополнителен контакт (пр. Е-пошта) кликнете на копчето Додади контакт и одново Изберете тип на контакт и внесете во полето десно.

На копчето означено со X може да отстраните поле со контакт.

Во делот Портфолио внесете краток опис на вашето организациско и програмско портфолио.

Во делот Структура запишете податоци за Раководно лице.

Во зависност од типот на субјект пополнете и Членови на управен и надзорен одбор.

Во делот Адреси одберете Поштенска и држава, а во полето десно впишете ја адресата. Под него запишете населено место, а во полето десно одберете ја општината и поштенскиот код.

Можноста да се додаде дополнителна адреса или да се избрише ја има и во овој дел од уредувањето на профилот.

Во делот Сметки внесете го видот на сметка (Домашна или странска).

Десно во полето впишете ја сметката.

Опција за додавање на повеќе сметки и бришење.

Во делот Документи прикачете ги потребните документи.

Во делот Друго одберете Да или Не во зависност од тоа дали некој член на пресоналот, член на советодавни тела или член на Извршниот одбор на Еко-Свест, исто така, служи како член во вашата институција/организација и/ или има некоков финансиски интерес во вашата институција/организација.

Доколку одговорот е да, во полето долу внесете Име и презиме од таа личност.

Во делот Корисници се сите членови кои пристапиле на организацијата. Во полето десно може да му доделите ролја на корисникот.

Кликнете на копчето Сними.

Пополнување на пријава

ВАЖНО! Само верификуван профил на организација има право да гледа и пополнува пријава за тековен повик.

ВАЖНО! Вашата пополнета пријава се наоѓа во менито Опции -> Мои пријави. Не пополнувајте нова (празна) пријава доколку претходно веќе сте почнале со пополнување.

Во менито Опции кликнете на Пополни пријава. (Почетна страна –> Опции –> Пополни пријава)

Во листата најдете го повикот на кој сакате да се пријавите и кликнете на Креирај пријава.

Пополнете ги полињата во Општиот дел за проектот.

Во табот Искуство, пополнете ги трите полиња според барањата наведени пред секое поле.

Во табот Персонал внесете податоци за Лица за контакт и Персоналот.

Во делот CV, прикачете кратки работни биографии од лицата кои ќе остварат проектни активности.

Во табот За Проектот пополнете ги полињата следејќи ги насоките во описот.

Во табот Активности, пополнете ги полињата според барањето.

Во делот Месеци, бројот 1 претставува прв месец за реализација на проектот и не се однесува на календарски месец.

Во табот Засегнати страни наведете ги засегнатите страни и детално опишете ги (користејќи релевантни и статистички податоци доколку ги има). Опишете како планирате да ги вклучите, и како проектот ќе влијае на истите.

Решавање на конфликти

Мирните и инклузивни општества засновани на принципите на владеењето на правото се предуслов за одржлив развој. Разорните ефекти на конфликтот врз развојот доведуваат до зголемена сиромаштија во областите зафатени од конфликти и до зголемен дел од екстремно сиромашните луѓе во светот кои живеат во кревки држави.

Во табот Видливост пополнете ги сите побарани информации за како ќе се обезбеди видливоста на вашиот проект согласно описот.

Во табот Прилози прикачете ги сите релевантни документи согласно повикот.

Хоризонтални прашања

Сиромаштија

Перспективата за развој на сиромашните луѓе значи дека ситуацијата, потребите, условите и приоритетите на сиромашните жени, девојки, мажи и момчиња треба да бидат појдовна точка за борба против сиромаштијата и промовирање фер и одржлив развој. Одржливиот развој се однесува на економска, социјална и еколошка одржливост. За лице кое живее во сиромаштија, ова може да вклучува потреба од продуктивно вработување и пристојна работа, пристап до основна социјална заштита и образование со добар квалитет, како и нетоксична средина.

Демократија и човекови права

Човековите права и демократијата треба да се гледаат како основни за развојот на човекот. Перспективата на правата произлегува од 15 глобално договорен вредности, кои ја опфаќаат Универзалната декларација за човекови права на ОН и конвенциите за човекови права усвоени последователно, кои се обврзувачки во меѓународното право. Тие вклучуваат четири основни принципи засновани на нормативната рамка за човекови права: недискриминација, учество, отвореност и транспарентност, како и одговорност и отчетност.

Животна средина и клима

Одржливото користење на ресурсите на земјата води до одржливост на животната средина и намалено влијание врз климата, што е основен предуслов за намалување на сиромаштијата и одржливи општества. Глобалниот развој не смее да се одвива на сметка на можностите на идните генерации. Ако развојот сака да биде одржлив во однос на животната средина и климата, тој треба да се обликува и да се управува во рамките на планетарните граници, што вклучува промовирање на климатски отпорен развој без користење на фосили.

Родова еднаквост

Вниманието на родовата еднаквост се стреми да ја подобри и родовата еднаквост и целосното уживање на човековите права од страна на сите жени и девојки. Глобалната родова еднаквост е од суштинско значење за одржливиот развој.

Решавање на конфликти

Мирните и инклузивни општества засновани на принципите на владеењето на правото се предуслов за одржлив развој. Разорните ефекти на конфликтот врз развојот доведуваат до зголемена сиромаштија во областите зафатени од конфликти и до зголемен дел од екстремно сиромашните луѓе во светот кои живеат во кревки држави.

Приклучи се кон организација
За да се приклучите кон организација кликнете на копчето Повеќе акции и Приклучи се кон организација. (Почетна страна -> Уреди го профилот -> Повеќе акции –> Приклучи се кон)

 

Одберете тип на субјект:

Единица на локална самоуправа
Здружение на граѓани
Јавна институција
Трговско друштво

Одберете ја организација кон која сакате да се приклучите.

Внесете коментар доколку е потребно.

Кликнете на Поднеси.

Вашето барање го одобрува администраторот на профилот од организацијата на која пристапувате, и ви доделува улога во истата.

Пополнување буџет

Пополнете ги полињата во делот за Буџет според барањата.

Делот за Ко-финансирање го пополнувате само доколку е наведено во повикот.

Додека имате потреба да правите измени на внесените податоци во пријавата притиснете на копчето Сними привремено.

Откако ќе ги пополните сите задолжителни полиња во пријавата притиснете на копчето Сними и вашата пријава е Завршена.

Доколку нема потреба за понатамошно менување на внесените податоци. Притиснете на копчето Испрати пријава, со што вашата пријава ќе биде проследена на разгледување.

По испраќање на пријавата ќе добиете мејл со известување дека истата е поднесена.

Откако ќе се смени статусот на апликацијата во Завршена, корисникот може да ја симне апликацијата во ПДФ формат.

Корекција на апликација

Кај апликантот пристигнува мејл со нотификација:

“Вашиот предлог проект преоѓа во фаза на финални корекции пред потпишување на договор.”

На профилот од кој е поднесена пријавата на повикот пристигнува задача во која има детали околу потребните корекции кои треба да се направат пред потпишување на договорот.

Во самата задача може да ги погледнете сите побарани промени од страна на координаторот на повикот, кои треба да бидат имплементирани во апликацијата.

Напомена: Ги правите бараните измени, па потоа ја Комплетирате задачата!

Кога ќе ја комплетирате задачата опцијата за едитирање на апликацијата автоматски се исклучува!

Доколку сте согласни да ги направите побараните промени означи го полето Да и кликнете на Комплетирај со што вашата пријава се праќа на проверка и одобрување. Доколку не се согласувате со побараните измени кликнете на Не и Комплетирај, со што не ги прифаќате промените и се откажувате од грантот.

Доколку има потреба, овој процес се повторува како би се финализирале сите промени согласно забелешките од комисијата.

Проверка на организација (Due diligence)

ВАЖНО – Сите документи потребни за проверка на апликантот треба да се прикачат на самата апликација во делот ПРИЛОЗИ. Сите барани документи согласно законската регулатива не смеат да бидат постари од 6 месеци.

  • Потврда за регистрирана дејност на добавувачот (ДРД образец од Централен регистар на Република Македонија)
  • Извод од банка (најнов) или договор со банката за отворање на жиро сметка
  • Изјава за неосудуваност на законскиот застапник (лична изјава или потврда од суд)
  • Потврда дали е изречена казна привремена забрана за вршење на одделна дејност евидентирана во регистарот на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица (Централен регистар на Република Македонија)
  • Уверение за платени даноци и придонеси (Управа за јавни приходи) – архивски број
  • Последен годишен финансиски извештај (последна поднесена завршна сметка)
Формулари за известување

Формулар за наративан извештај

Формулар за мерење видливост

Форма за финансиски преглед (електронска форма преку платформата за грантови види подоле во делот за Поднесување на извештај)

Формулар за детален финансиски извештај

Барање за исплата

Поднесување на извештај

Известувањата се закажани во системот и се дел од договорот за грант. Се поднесуваат пополнети формулари кои се дел од погорната секција Формулари за известување. За да поднесете извештај одите на опцијата Прикачи извештај која се наоѓа на следната локација (Опции->Мои грантови->Преглед->Повеќе акции->Прикачи извештај)

Сите докази за настанатите трошоци и реализирани активности се закачуваат на драјвот кој е отворен за секој проект поединечно, преку линкот: https://eko-svest-skopje.cz2.quickconnect.to/#/signin