Климатските промени се најголемиот проблем на денешницата и сериозен предизвик за Владите во светот бидејќи ја наметнаа потребата за целосна промена на правните и економските системи. Од ненадејни промени на временските услови кои влијаат на производството на храна, па се до подигнување на нивото на морињата што го зголемува ризикот од катастрофално поплавување, влијанијата на климатските промени се во обем досега невидени. Нашата земја ги трпи последиците од климатските промени, но нема финансиски средства да се справи со штетите и загубите, затоа е исклучително ранлива на климатските промени.
Наскоро ќе се соочиме со потопла и посушна клима. Се очекуваат и екстремни бури кои ќе предизвикаат поплави.
Затоа, потребни се амбициозни политики за климатска акција и институции подготвени да ги применат овие политики во пракса.
Нашата цел
Климатските политики мора да бидат висок приоритет за Владат бидејќи ги засегаат сите сектори на општеството. Амбициозните климатски цели треба да се пресликаат во сите релевантни сектори, особено секторот енергетика кој најмногу придонесува за емисиите на стакленички гасови.
Клучно е и јасно дефинирање на улогите на институциите во имплементација на мерките за климатска акција како и зголемување и подобрување на нивните административни капацитети. Обезбедување финансии за секторот иновации е клучно и треба да се смета за приоритет.
Нашите активности
Преку своето делување Еко-свест ќе придонесе кон остварување на целта со своите активности:
- Следење и известување од конференцијата за клима при Рамковната конвенција за клима на ООН со цел доближување на климатските цели и амбиции кон меѓународно договорените и превземање на позитивни примери и искуства за имплементација на мерки за ублажување и прилагодување.
- Следење и активно учество во националните процеси за носење стратегии, закони, подзаконски акти и имплементација на мерките за климатска акција станува особено важно кога политиката се движи бавно.
- Подршка, едукација, информирање и предводење на работата на Коалицијата за клима на националниот граѓански сектор за спроведување на активности кои го помагаат исполнувањето за зацртаните климатски цели на земјата. Менторска и правна помош за граѓанските организации во овој домен. Спроведување на Програма за грантови за граѓански организации.
- Подигнување на јавната свест за влијанието на климатските промени врз различните сектори во општеството
- Соработка и поддршка за институциите за развој на капацитети и практична климатска акција.
Шесто генерално собрание на проектот ЕНКЛУД
Претставници на Еко-свест учестуваа на Шестото и последно генерално собрание на проектот ЕНКЛУД, поддржан од програмата Хоризонт 2020, заедно со...
Изработени ЛЕАП документи за 3 општини во регионите со јаглен
Со цел зајакнување на капацитетите и стратешкиот развој на општините во борбата со климатските промени се изработија Локални еколошки акциски...
Приоритети за новата Влада за заштита на животната средина и климатска акција – предлози од Еко-свест
Здравата и чиста животна средина, која е Уставно загарантирано право на секој граѓанин на Македонија, зачувувањето на природата и подобрувањето на...
Кај македонските граѓани нема доволно свест за климатските промени: „Имаме традиција на гледање исклучиво на својот двор и фрлање на отпадот во дворот на соседот“
Изминатата 2023 година била најтоплата досега, поради климатските промени предизвикани од човекот и плус поттикната од природниот временски феномен...