Нашата земја е меѓу најбогатите со разновидноста на живеалиштата, растителните и животинските видови. Дел од нив се зачувани во 82 заштитени подрачја кои опфаќаат речиси 14% од територијата на земјата. Природата и природните екосистеми се суштински предуслов за благосостојбата на граѓаните бидејќи ни овозможуваат храна, чиста вода и воздух, а во исто време екосистемските услуги во заштитените подрачја имаат социо-економски придобивки за развој на локалните заедници.

Светот се соочува со неповратни загуби по биолошката разновидност и континуирано деградирање на природните живеалишта. Природата страда поради климатските промени, но многу повеќе е под закана на човековите активности и неконтролирано искористување на природните вредности. Јасно е дека акција за природата која се справува со овие двигатели е приоритет што не може да чека. Политиките за обновување на природата стануваат основа за справување со ефектите од климатските промени и за унапредување на здравјето на луѓето.

Нашата цел

Неопходно е да се воспостави ефикасен механизам за заштита на природата, екосистемите, дивите видови и нивните живеалишта, меѓудругото и со застапување на најдобрите практики и политики за заштита на природата и обновување на природните екосистеми. Еко-свест во својот предлог Патоказ за заштита на природата ја истакнува потребата од синергија на заштитата на природата со политиките во релевантните сектори (шумарство, земјоделие, водостопанство, ловство, енергетика, еколошки туризам и локален развој) каде што ќе се предлагаат можности за економски развој што не се во конфликт со природата и нејзината заштита.

Еко-свест ќе ја јакне еколошката свест кај граѓаните преку документарни приказни за значењето на заштитените подрачја, како природата придонесува кон квалитетна животна средина и ги ублажува ефектите од климатските промени со цел да поттикне активен придонес на граѓаните кон заштитата на екосистемите и биодиверзитетот.

Нашите активности

Преку своето делување Еко-свест ќе придонесе кон остварување на целта со своите активности:

  1. Соработка со институциите за примена на меѓународните обврски за заштита на биолошката и пределската разновидност. Поддршка на МЖСПП во спроведувањето на законските обврски и процесот на транспонирање на регулативата на ЕУ за заштита на природата. Учество во Националниот совет за заштита на природата, во процесите на креирање на закони, стратешки документи, подзаконски акти, планови за управување со заштитените подрачја, прирачници и документи за јавни политики.
  2. Проширување на мрежата на заштитени подрачја и учество во процесите за прогласување и репрогласување на заштитени подрачја. Подобрување на управувањето со заштитените подрачја и развој на административни и институционални капацитети за следење на состојбите во природата и долгорочно одржливо финансирање на заштитата на природата.
  3. Поддршка на одржливото управување со заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“ преку локалната канцеларија во Вевчани. Едукација на локалното население за придобивките од заштитеното подрачје и можностите за локален одржлив економски развој на заедницата, како и обезбедување на туристичка инфраструктура (патокази и инфо табли).
  4. Теренски истражувања и анализи за обновување на деградирани екосистеми. Градење на партнерство со локалните организации и едукација на локалните заедници за спроведување на граѓанска наука, научни студии за следење на состојбите во природата, видовите и нивните живеалишта.
  5. Информирање и едукација на јавноста за поврзаноста на биодиверзитетот и здравјето на луѓето, предлагање на активности и прирачници за развивање на вештини за зачувување на природните екосистеми.

Повеќе зеленило подобар град

Домот, куќата, станот, односно живеалиштето е медиум помеѓу човекот и природата. Човекот за да се заштити од природните неприлики, најпрво почнува...

Потребни ни се здрави и отпорни шуми за да ги исполниме климатските цели- Еко-свест со коментари за новите закони за управување со шумите

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје испрати коментари и забелешки за предложените законски решенија за...

Придонеси кон науката

Мапирај го биодиверзитетот со iNaturalist мобилната апликација

Заедно за природата

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест денес во Вевчани отвори своја локална канцеларија, а беше потпишан и Договор за проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје „Вевчански извори“, со PONT (Prespa Ohrid Nature Trust) кој ќе се спроведува до август 2025 година.

Целта на овој проект е да се обезбеди поддршка за одржливо управување со заштитеното подрачје Споменикот на природата “Вевчански Извори”. Со спроведувањето на овој проект ќе се изврши ефективно следење на клучните видови во Споменикот на природата „Вевчански извори“, поставување на едукативни табли и патокази, воспоставување на еко-патрола, едукација за биолошката разновидност, како и привлекување на повеќе посетители во подрачјето.

Како да се подготвите за престој во природа?

Што ви е потребно за да имате пријатен и безбеден престој во природа?

Вода, храна, облека, обувки, лекови, прибор за ориентација и прва помош, се меѓу најважните работи што треба да ги понесете со себе.

За сите учители, наставници, родители и сите оние кои сакаат да поминуваат време во природа, објавуваме кратка брошура која ќе ви го олесни пакувањето и ќе ве подготви за нов престој и истражување во природата.

Брошурата е изработена во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.

СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ЦЕНТРАЛНО НИВО (2023)
СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НА ЦЕНТРАЛНО НИВО (2023)
СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО (2023)
СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО (2023)
Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)
Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)
ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)
ОДРЖЛИВО ФИНАНСИРАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)
ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)
ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАШТИТАТА НА ПРИРОДАТА (2023)
Анализа од областа на управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)
Анализа од областа на управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)
Предлог Патоказ за заштита на природата (2022)
Предлог Патоказ за заштита на природата (2022)
Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)
Aнализа од областа нa управувањето и одржливото користење на шумите во РСМ (2022)
АНАЛИЗА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ФОНД ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2022)
АНАЛИЗА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ФОНД ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2022)
Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)
Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)
Пчели-повеќе од мед (2022)
Пчели-повеќе од мед (2022)
Како да се подготвите за престој во природа? (2022)
Како да се подготвите за престој во природа? (2022)
Анализа на влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите (2021)
Анализа на влијанието на малите хидро проекти врз гео-морфологијата на пределите и загубата на шумите (2021)
Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)
Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)
Студија за проценка на биопотенцијалот на некои самоникнати лековити, ароматични и овошни растенија во споменикот на природата Вевчански извори (2019)
Студија за проценка на биопотенцијалот на некои самоникнати лековити, ароматични и овошни растенија во споменикот на природата Вевчански извори (2019)
Прирачник за мониторинг на клучните видови флора и фауна и типови живеалишта (2019)
Прирачник за мониторинг на клучните видови флора и фауна и типови живеалишта (2019)
Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Екосистем за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Екосистем за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Mavrovo Nacional park and planed hydropower projects on its territory (2013)
Mavrovo Nacional park and planed hydropower projects on its territory (2013)
Националниот парк „Маврово“ и планираните хидро-проекти на неговата територија (2013)
Националниот парк „Маврово“ и планираните хидро-проекти на неговата територија (2013)