Добиени награди и признанија

„It doesn’t matter how many times you win an award, it is always very special.“ – Zinedine Zidane

Награда „Goldman environmental award“- Фондација „Goldman“

Наградата за животна средина Goldman се доделува секоја година на заслужни херои од областа на животната средина од сите шест населени континенти во светот.
За 2019 година наградата е доделена на активисти од Чиле, Либерија, Монголија, Куковите Острови, САД, а меѓу добитниците е и Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање Еко-свест од Македонија.

Награда за екологија ПОРТА 3

Награда за екологија за 2019 година ја доби Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко-свест“ од Скопје поради долгогодишното сеопфатно и сериозно работење на подигањето на еколошката свест, активното учество како коректор на политиките од областа на животната средина и транзицијата кон поодржлив енергетски систем, и секако одговорниот однос кон една од најголемите закани на денешницата – климатските промени. Подигањето на гласот против изградбата на малите хидроцентрали и хидроцентралите во заштитени подрачја, резултираше и со меѓународно признание преку престижната награда „Голдман“ за Ана Чоловиќ-Лешоска.

Награда „13 Ноември“- Град Скопје

Наградата е доделена во 2011 година за воспоставување на системот за изнајмување на велосипеди во Градот Скопје и особени постигнувања во заштитата на животната средина.

20 години Еко-свест

На 15 септември 2022 година Еко-свест ја прослави својата 20 годишнина со свечен настан и презентација на досегашните постигнувања. Настанот беше под покровителство на Претседателот на Република Северна македонија, г-н Стево Пендаровски,

Во последните 20 години Еко-свест има спроведено над 80 проекти, објавено околу 100 публикации, добиено 3 награди и признанија. Над 300 претставници од граѓанскиот сектор биле директно обучени од Еко-свест, а 20 организации станаa наши грантисти.

Нашите јавни кампањи за подигнување на свеста за климатските промени, заштитата на природата и водите, аерозагадувањето, енергетската транзиција и зелената трансформација имаат допрено до над 1 милион граѓани.

На свечениот настан Претседателот Стево Пендаровски имаше свое обраќање истакнувајќи ја важноста на финансирањето во секторот животна средина и енергетската транзиција.