Атлас за пластиката: факти и бројки за светот на синтетичките полимери, прво македонско издание (2023)

Атлас за пластиката: факти и бројки за светот на синтетичките полимери, прво македонско издание (2023)

Издавачи: Фондацијата „Хајнрих Бел“ и движењето Break Free From Plastic во соработка со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест

Опис: Атласот за пластиката содржи повеќе од 50 детални инфографици кои покриваат широк спектар на теми поврзани со кризата со загадувањето со пластика по целиот вредносен синџир на пластиката. Атласот ги истакнува глобалните влијанија на производството, потрошувачката и отстранувањето на пластиката врз другите клучни глобални предизвици, како што се здравјето на луѓето и климатските промени. Исто така, тој ја опишува улогата на пластиката за клучните индустриски сектори како што се земјоделството и туризмот и ги опишува корпоративните интереси и двигатели зад пластичната криза. Конечно, атласот за пластиката претставува преглед на клучните регулативи за заштита од пластика, решенијата за нула отпад и поглед врз растечкото глобално движење кое работи за иднина ослободена од загадувањето со пластика. Во македонското издание е даден осврт на состојбите со отпадот од пластика во Македонија, законските регулативи и начините за справување со отпадот, како и улогата на неформалниот сектор во управувањето со отпадот. Меѓународното издание на овој атлас е прв пат објавено во 2019 година и до денес има доживеано посебни изданија на различни јазици во повеќе од 20 држави и територии.

 

Атлас на пластиката (на албански јазик)