Енергетските можности на Македонија (2014)

Енергетските можности на Македонија (2014)

Автор: Еко-свест, Проф. д-р Стефан Бужаровски, д-р Стивен Глин

Опис: 

Оваа студија ги испитува сегашните и идни алтернативи за придвижувањето кон производство на електрична енергија со што е можно помало користење на јаглен во Република Македонија. Во поширок смисол, оваа студија се обидува да помогне во продлабочувањето на локалните и меѓународните капацитети на граѓанските организации за дискусија за проблемите од областа на енергетиката, истовремено создавајќи простор за отворање на јавна дебата за идниот развој на енергетиката во која би се земале предвид последните технолошки достигнувања од областа на производство на електрична енергија и енергетска ефикасност.

Оваа студија е мотивирана од неодамнешните демографски и економски трендови во земјата кои наведуваат на тоа дека постои потреба од фундаментално преосмислување на некои од стратешките документи и политики кои биле одговорни за досегашната трансформација на енергетскиот сектор во Македонија.