Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)

Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова

Опис: Енергијата не може ниту да се создаде ниту да се уништи. Таа само преминува од една форма во друга и овој процес се случува постојано. Односно, храната што ја јадеме содржи хемиска енергија која организмот ја складира сè додека не се јави потреба да започнеме со некое дејство или работа. Тогаш истата преку процесите на согорување ќе се ослободи и може да претвори во топлинска или друг вид енергија која понатаму можеме да ја искористиме за различна намена. Сите форми на енергија се зачувуваат на различни начини и ни претставуваат извори на енергија кои ние секојдневно ги користиме. Овие извори се поделени во две групи – обновливи извори (извори на енергија кои може да се користат одново и одново) и необновливи (извори на енергија кои се искористуваат и не може да се обноват во краток временски период).