Извештај од извршеното истражување за загадувањето со тешки метали и радиоактивноста предизвикани од РЕК Битола спроведено преку примероци од почва, мов и пепел од подрачјето околу РЕК Битола (2018)

Извештај од извршеното истражување за загадувањето со тешки метали и радиоактивноста предизвикани од РЕК Битола спроведено преку примероци од почва, мов и пепел од подрачјето околу РЕК Битола (2018)

Автор: проф. д-р Трајче стафилов

Опис: Урбаното и регионалното загадување со тешки метали во последниве години е предмет на многу студии. Toa претставува глобален проблем инициран од голем број светски технолошки процеси како и од човечката експлоатација на природните ресурси. Четири типови на процеси влијаат на нивото на загаденост на воздухот: емисијата, индустријата, транспортот и депонирањето. Загадувањето на воздухот со тешки метали е сериозен проблем и во Република Македонија. Во југозападниот дел на Република Македонија еден од главните полутанти е рудникот за лигнит и термоелектраната РЕК Битола, лоцирани во близина на градот Битола.