Националниот парк „Маврово“ и планираните хидро-проекти на неговата територија

Националниот парк „Маврово“ и планираните хидро-проекти на неговата територија

Автори: Ана Чоловиќ Лешоска, Александра Бујароска, Методија Велевски.

Опис: Националниот Парк „Маврово” e заштитено подрачје уште од 1949 година, кога Народното Собрание на НР Македонија ги прогласи шумските предели околу Мавровско поле за Национален Парк. Со измените на Законот за основање на Националниот Парк од 03.07.1952 територијата на заштитеното подрачје се зголеми за 6 пати, односно од 11.750 хектари на 73.088 хектари. Согласно Законот за заштита на природата (2004 година) постои законска обврска за репрогласување за заштитеното подрачје Национален парк „Маврово“. Самиот процес се состои од следниве фази: изработка на Студија за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје, изработка на план за управување со заштитеното подрачје, јавна расправа и (ре) прогласување на заштитено подрачје со закон.