Предлог концепт за водење на стратешки процес за намалување на аерозагадувањето (2019)

Предлог концепт за водење на стратешки процес за намалување на аерозагадувањето (2019)

Автори: Еко-свест, Тони Поповски, Даница Павловска

Опис: Во Република Северна Македонија во овој момент отсуствува долгорочна стратегија за справување со аерозагадувањето која системски ги опфаќа сите сектори и дава јасни чекори, мерки и извори на финансирање со кои се постигнуваат конкретни цели во дадена временска рамка. Планот за чист воздух е добар почеток но е краткорочен и опфаќа само дел од секторите кои треба да бидат земени предвид при системското решавање на овој проблем. Како одговор на овие предизвици Еко-свест со финансиска поддршка на Министерството за животна средина го спроведува проектот „Стратегија за долгорочно справување со аерозагадувањето“. Целта на проектот е поднесување на иницијатива до Владата на РСМ за изработка на долгорочна Стратегија за справување со аерозагадувањето врз основа на изработен ИДЕЕН КОНЦЕПТ во соработка со сите засегнати чинители.