Пчели-повеќе од мед (2022)

Пчели-повеќе од мед (2022)

Автор: Јована Била Дубаиќ

Опис: На Балканот живеат околу илјада видови пчели, а пчелата која прави мед е само една од нив. Опрашувањето е најважната вредност на пчелите бидејќи овозможуваат опстанок на илјадници видови растенија, животински видови и луѓето.

Овој прирачник ќе ви помогне да дознаете повеќе за пчелите, да поттикнете дискусии, да одговорите на најчесто поставуваните прашања и да надминете многу предрасуди и заблуди за пчелите. Во него ќе најдете и неколку практични идеи за да направите нешто корисно за пчелите.

Прирачникот изработен во рамки на проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“ кој го спроведува WWF Adria во партнерство со Еко-свест, а истиот е финансиски поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка- Sida.