Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Автор: Ива Петрунова

Опис: Уредувањето на просторот има големо општествено и социјално значење. Тоа ја обликува средината во која човекот опстојува и притоа влијае на системот за транспорт, инфраструктурата, развојот на сопственоста, густината на население, јавните сервиси, управувањето со отпадот. Оттука урбанизмот го определува квалитетот на животот преку обликување на природата.

Општественото значење на урбанизмот се отсликува и во Уставот на Македонија во кој е утврдено дека секој има право на здрава животна средина, при што на државата е обврската да ги обезбеди условите за остварување на ова право. Истовремено секој граѓанин има истовремено право, но и должност да го чува и унапредува сопственото и здравјето на другите. Истовремено Законот за урбанистичко планирање, како основен закон за областа, почива на принципите на одржливост, рационално искористување и инклузивност и справување со климатските промени.

Овој документ го анализира спроведувањето на урбанизмот и урбаното зеленило во Македонија во практика и нивното влијание врз квалитетот на живот.