УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)

Автор: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Опис: Овој документ дава осврт за значењето на учеството на јавноста во урбанистичкото планирање како сложен процес што е поврзан со потребите на луѓето и развојот на просторот во кој живеат. Документот опишува што претставува урбанистичкото планирање, зошто е значајно учеството на јавноста, дава приказ на основниот закон што ја регулира оваа област и како се спроведуваат одредени законски решенија во практиката од аспект на учеството на јавноста.

Опфатени се и одредени прописи што се поврзани со учеството на јавноста во областа на животната средина. Документот нуди заклучоци и препораки што би можеле во иднина да имаат влијание врз креирањето или подобрувањето одредени политики во областа.