Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија (2021)

Анализа на државната помош за обновливи извори на енергија во Република Северна Македонија (2021)

Автор: Еко-свест

Опис: Важен дел од обврските на Република Северна Македонија во процесите за интеграција во Европската Унија е спроведувањето на Директивата за обновливи извори на енергија ((EU) 2018/2001) преку зголемувањето на уделот на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија. За таа цел, државата има воспоставено механизам со мерки за поддршка на производството на електрична енергија од обновливи извори којшто со одредени измени се применува од 2007 година.

Целта на овој документ е да направи анализа на државната помош за обновливи извори на енергија преку споредување на законската рамка во Северна Македонија со таа на земји членки на ЕУ и да даде заклучоци, насоки и препораки за промени на политиките и практиките во државата, доколку такви се потребни.