БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ПРОГОВОРЕТЕ ЈАВНО (2021)

БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ПРОГОВОРЕТЕ ЈАВНО (2021)

Автор: Ена Бавчиќ

Опис: Во оваа студија се анализираат и идентификуваат потенцијалните области за подобрување на правната рамка што е релевантна за човековите права/слободата на изразување на бранителите на човекови права на здрава животна средина (БЧПЗЖС) во пет земји во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија). Студијата ги анализира и ги сумира главните притисоци, закани и одговори на прашањата со коишто се соочиле БЧПЗЖС и претставува компилација од пет извештаи за земјите подготвени со помош на ист а методологија.

Истражувачите во секоја земја го анализираа релевантното законодавство, фокусирајќи се на правата на слобода на изразување и пристап до информации и правата на слобода на здружување и собирање. Според потребите на земјите се анализирани и дополнителни права и процеси, при што тие ја вклучуваат, но не се ограничени на јавната администрација и нејзината реформа, процесите на јавни консултации и учество во донесувањето одлуки, како и други специфични права што произлегуваат од Архуската конвенција.