ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА НАСПРОТИ ДЕКАРБОНИЗАЦИЈАТА ВО РСМ (2023)

Автор: Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Опис: 

Овој документ дава краток осврт за енергетската криза од почетокот на 2022 година со која се соочува Македонија и за постојните цели, планови и стратегии за развојот на енергетиката во насока на Енергетските трендови за транзиција кон нискојаглеродна економија, при што, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност се меѓу најважните фактори што ја овозможуваат транзицијата. Документот дава приказ на дел од донесените одлуки од страна на Владата во врска со енергетската криза, кратка сублимација на важечките закони од областа на енергетиката, преземените обврски, Програмата за работа на Владата за 2020-2024 година, во делот на енергетиката, Стратегијата за развој на енергетика до 2040 година, и Националниот план за енергија и клима од 2020 година. Во документот се дава краток осврт на Програмата за реализација на стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025, која е подготвена, но не е донесена.

Целта на документот е преку приказ на определените одлуки и документи да посочи и да го постави прашањето дали преземените обврски и заложби на државата за транзиција кон нискојаглеродна економија се можни и остварливи.

KRIZA-ENERGJETIKE-KUNDREJT-DEKARBONIZIMIT-NE-RMV.pdf