Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)

Автори: Светлана Пејовик, Фросина Ангелова

Опис: Способноста да се случат работите е тоа што можеме да го наречеме енергија. Енергијата овозможува да се движат автомобилите по патиштата, но исто така и авионите да летаат. Таа ни помага да ја слушаме омилената музика на радио, ги загрева нашите соби и ги осветлува нашите домови. Енергија им е потребна на нашите тела и ни овозможува да растеме и да се движиме. Речиси сè што поседуваме и користиме работи на енергија. Енергијата има повеќе различни форми, се содржи во различни предмети и истата може да се измери.