Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Правна анализа на националното законодавство за укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја (2023)

Автор: проф. Др. Игор Камбовски

Опис: Документот нуди правна анализа на националното законодавство во делот на доделување на договори за концесија и укинување на дозволи за експлоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија во заштитени подрачја, со фокус на раскинување на договорите за концесија за МХЕ Рибничка и МХЕ Жировница 5 и 6 во НП Маврово.
Целта на анализата е да се разгледаат правните механизми и да се утврдат можностите за раскинување на доделени концесии за изградба на хидро проекти во заштитени подрачја но и да се утврдат правните механизми кои ќе спречат идно доделување на концесии од овој тип. Анализирана е релевантната законска регулатива и меѓународни прописи, проценети се ризиците кои би можеле да произлезат од раскинување на договорот за концесија и предложени се повеќе можни сценарија за раскинување на овие концесиски договори. На крајот на анализата дадени се неколку предлози за интервенции во законската рамка со цел спречување на доделување на концесии во заштитни подрачја.