ПРЕДЛОГ ПАТОКАЗ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА (2022)

ПРЕДЛОГ ПАТОКАЗ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА (2022)

Автор: Симона Трајковска

Опис: Еко-свест во консултации со широка група на засегнати страни подготви Патоказ за заштита на природата. Неговата намена е да постави насоки и да ги идентификува приоритетните активности во секторот природа, да биде поддршка за креаторите на политики, државните институции, локалните власти, управителите со заштитени подрачја, како и граѓанските организации, со цел преземање на синхронизирана и заедничка акција за подобра заштита на нашата најголема вредност- природата.

Документот e дел од проектот „Заштитените подрачја за природата и луѓето II“, кој го спроведува WWF Adria со поддршка од Шведската Агенција за Меѓународна Развојна Соработка – Sida.