Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Урбаното зеленило во градот и архитектурата – Зeлен град (2024)

Автор: Ива Петрунова

Опис: Уредувањето на просторот има големо општествено и социјално значење. Тоа ја обликува средината во која човекот опстојува и притоа влијае на системот за транспорт, инфраструктурата, развојот на сопственоста, густината на население, јавните сервиси, управувањето со отпадот. Оттука урбанизмот го определува квалитетот на животот преку обликување на природата.

Општественото значење на урбанизмот се отсликува и во Уставот на Македонија во кој е утврдено дека секој има право на здрава животна средина, при што на државата е обврската да ги обезбеди условите за остварување на ова право. Истовремено секој граѓанин има истовремено право, но и должност да го чува и унапредува сопственото и здравјето на другите. Истовремено Законот за урбанистичко планирање, како основен закон за областа, почива на принципите на одржливост, рационално искористување и инклузивност и справување со климатските промени.

Овој документ го анализира спроведувањето на урбанизмот и урбаното зеленило во Македонија во практика и нивното влијание врз квалитетот на живот.

Анализа на регулативите за обновливи извори на енергија со посебен акцент на правилникот за обновливи извори на енергија, за идентификување на процедурите, правните и техничките аспекти за инсталирање на фотоволтаични системи за домаќинствата во Република Северна Македонија (2023)

Автор: Еко-свест

Опис: Во понатамошниот текст ќе бидат анализирани техничките и правните аспекти за инсталирање на фотоволтаични системи за домаќинствата согласно важечките законски и подзаконски акти, како што се Правилникот за обновливи извори на енергија, Законот за енергетика, Мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија и Законот за градење и ќе се дадат препораки за промена и дополнување на истите со цел поттик на граѓаните за инвестирање во фотоволтаични системи.

Анализа на административната постапка за поставување на соларните системи во Република Северна Македонија (2023)

Опис: Овој документ го анализира законодавството кое беше воспоставено во Северна Македонија со цел олеснување на поставувањето на сончеви колектори и дали тоа е јасно, прецизно и навистина го олеснува поставувањето и користењето на сончевите колектори. Документот се осврнува на поставувањето соларните системи од аспект на потрошувачите-производители. Оттука документот ги идентификува недостатоците во законодавството за функционирање на соларните системи во домаќинствата производители-потрошувачи од формално-правен аспект, степенот на спроведување на законодавството и идетификува добри законодавни практики кои ќе овозможат дополнително олеснување на функционирањето на соларните системи во домаќинствата производители-потрошувачи.

План во вистинско време за Северна Македонија да ја забрза енергетската транзиција (2023)

Автор: The Nature Conservancy

Опис: Енергетскиот пејзаж на Европа се менува со невидено темпо – не само поради климатската криза. Енергетскиот систем на Европа, исто така, трпи нарушувања како резултат на руската инвазија на Украина. Многу европски земји забрзано ги ставаат во употреба обновливите извори на енергија (ОИЕ) за да го намалат јаглеродниот отпечаток и да ги диверзифицираат изворите на енергија, со што ќе ја зголемат нивната енергетска безбедност. Планот на ЕУ наречен Рипауер ЕУ (REPowerEU) има цел да одговори на овие прашања преку сеопфатен сет на мерки, вклучувајќи и воспоставување на зони за забрзано добивање дозволи: таканаречените „области за забрзување на употребата на обновливите извори на енергија“. Овие области треба да се усогласат со областите од висок принос на енергија, но исто така да избегнуваат зони со висока биодиверзитетска вредност како што се подрачјата на Натура 2000. 

A blueprint for North Macedonia to accelerate its energy transition

ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА ПРАШАЊА И ОБЛАСТИ КОРИСНИ ЗА РАБОТАТА НА ЕКОЛОШКИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (2023)

Автор: МЗМП

Опис: За потребите на граѓанските организации во Македонија во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ поддржан од Владата на Шведска, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, МЗМП и ЦНВП Македонија, МЗМП изработи видео туторијали наменети за еколошките граѓански организации кои обработуваат различни прашања кои се важни за работата на граѓанските организации.

Видеата се објавени на следниот линк: https://www.youtube.com/@ekosvest980

Целта на видеата е да се зголемат знаењата на граѓанските организации за начинот на кој може да се вклучат во донесувањето на одлуки поврзани со животната средина. Во овој документ е даден преглед на најважните одредби од релевантните закони кои го регулираат секое од прашањата опфатени со видеата.