Еко-трампа

Сакате да се ослободите од непотребните предмети, а притоа да добиете нешто ново и корисно? Придружете ни се на четвртата „Еко трампа“ во организација на „Еко-свест“!

Дајте им нов живот на вашите облеки, книги, играчки или модни додатоци. Донесете до три зачувани и чисти предмети и заменете ги со нешто што вам ви треба.

За секој учесник следува бесплатно кафе како знак на благодарност за придонесот кон поздрава животна средина!

📍 Локација: Бистро Комедија, Скопје

🗓 Датум: Сабота, 13 јуни

⏰ Време: 11:00 – 14:00 часот

Ајде да го намалиме отпадот заедно! Се гледаме таму!

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ од Хана Корнети и илустрации на Марија Трајаноска, издание на „Чудна шума“ во соработка со Еко-свест.

Остранета најголемата непотребна препрека на река во Македонија

Ослободени 72 км слободен тек на Пчиња. Непотребна бетонска бариера долга 50 метри и широка 30 метри е отстранета од реката Пчиња, во месноста Шупљи камен. Оваа препрека која по Втората светска војна била наменета за пренос на тенкови со тек на времето се разрушила и во последните неколку децении претставуваше безбедносен ризик за населението и причинуваше штета врз екосистемот.

Зелен телефон

Зелен телефон е алатка на Еко-свест преку која се овозможува пријавување на еколошки проблеми и барање правна помош.

  • Помош во доставување пријава или барање до надлежните за решавање на проблемот;
  • Советување во врска со еколошкиот проблем.

Граѓанските организации бараат итна акција за повторно прогласување и заштита на Националниот парк Маврово

Скопје, 5 јуни 2025 година – Над 15 граѓански организации и иницијативи заедно поднесоа формална претставка до Владата на Република Северна Македонија, барајќи итна акција за репрогласување и заштита на Националниот парк Маврово во согласност со законските одредби. Претставката, упатена до премиерот Христијан Мицкоски, истакнува значителни прекршувања на Законот за заштита на природата што како резултат го загрозуваат еколошкиот интегритет и одржливиот развој на паркот.

Организациите изразуваат длабока загриженост поради долготрајниот процес на трансформирање на Националниот парк Маврово според постојното законодавство и меѓународните стандарди. Тие тврдат дека сегашната состојба ја поткопува заштитата на ова критично подрачје и ја попречува поддршката на локалните заедници во остварувањето на одржлив економски развој.

Еко-свест во нова канцеларија!

Ве информираме дека Еко-свест се пресели во нова канцеларија со следната адреса: Киро Крстевски Платник, број 6/1. Локацијата е во близина на Холандската амбасада. Телефонскиот број и е-маил остануваат исти: Телефон: +389 (0)2 321 7247 Е-маил: [email protected] Работно време: од 8:00 до 16:00...

Уште една успешно одржана Еко трампа

Изминатиов викенд, просторот на „Бистро Комедија“ беше исполнет со позитивна енергија, дружење и силна порака за заштита на животната средина. Граѓаните уште еднаш ја потврдија својата висока еколошка свест, масовно учествувајќи на четвртата по ред Еко трампа. Овој настан, кој веќе прераснува во убава традиција, има за цел да ја поттикне културата на реупотреба на предмети и да ја подигне свеста...

Нашите коментари за новиот Закон за природа: Заштита сега, а не „здравје“ кога ќе влеземе во ЕУ!

На почетокот на јуни 2026 година, на владината платформа ЕНЕР беше објавен предлог-текстот на новиот Закон за природа. Ние во „Еко-свест“ ја поздравуваме оваа иницијатива бидејќи нов, модерен закон за заштита на природата ни е повеќе од потребен. Токму денес, на 11 јуни, денот на Балканскиот рис мораме да потсетиме дека нашето природно наследство и нашата природа зависат од доследното...

Мисија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и практики за заштита на животната средина и одржливо живеење.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со релевантни организации и институции.

Визија

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде граѓаните одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

За живот на живиот свет

За живот на живиот свет

Кампањата „За Живот на Живиот свет“ има за цел да им се помогне на граѓаните подобро да ја разберат важноста на урбаниот биодиверзитет и што можат тие да направат за да помогнат во ублажувањето на климатските промени и прилагодувањето на урбаниот живот кон последиците од климатските промени.

„Let’s be clear. The planet is not in jeopardy. We are in jeopardy. We haven’t got the power to destroy the planet – or to save it. But we might have the power to save ourselves.“

Jurassic Park

Отворен повик за конференциски услуги

Отворен повик за конференциски услуги Основни информации Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје во рамки на...

Отворен повик за ангажирање на компанија за спроведување на длабински интервјуа и анкета врз репрезентативен примерок во општина Вевчани

За потребите на своите проекти во доменот на енергетиката и активното граѓанство, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за спроведување...

Месечен информатор на Еко-свест

Доколку сакате да го добивате месечниот информатор на Еко-свест на вашата мејл адреса регистрирајте се преку следниот линк:

Области во кои делуваме

Цели за оддржлив развој на кои работиме

Еко-свест е член на:

Наши донатори

Наши партнери