Во 2019 година Владата на Република Северна Македонија ја усвои Стратегијата за развој на енергијата до 2040 година, а во 2022 година Националниот план за енергија и клима. Во двата документи се планира изградба на 1400 MW соларни и 750 MW ветерни електрани до 2040 година. До 2040 година над 80% од електричната енергија ќе се произведува од обновливи извори на енергија, наспроти сегашната ситуација каде електраните на лигнит придонесуваат со 80% од домашното производство.
Без јасен план за тоа како да се продолжи со распоредувањето на обновливите извори на енергија и каде да се лоцираат, може да се очекуваат повеќе неуспеси ипредизвици. Без соодветни проценки пред планирањето, поставувањето на проекти за обновлива енергија може да дојде во конфликт со приоритетите на користење на земјиштето, природно заштитените подрачја и локалните заедници. Овие конфликти честопати доведуваат до продолжување на времето потребно за комплетирање на проектната документација и вистинска имплементација на терен. Сепак, 63 отсто од граѓаните во Северна Македонија сметаат дека инвестирањето во енергетски проекти мора да биде приоритет.
Имајќи го ова предвид, владините институции треба да се следат низа принципи за да се забрза енергетската транзиција без да се нанесува штета на животната средина, природата и локалните заедници, истовремено зачувувајќи го земјоделското земјиште.
Прва фаза на проектот
Во соработка со The Nature Conservancy и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Еко-свест работи на проект за паметно енергетско планирање во земјата. Со спроведување на фокус групи и анкета на репрезентативен примерок, како и серија консултации со релевантни чинители во секторот, Еко-свест изготви Принципи и препораки за паметно енергетско планирање.
МАНУ пак, изработи Студија за користење на рудници и други браунфилд локации, односно за паметно позиционирање на проектите врз деградирани земјишта. Со првата фаза на проектот се идентификуваа 650 MW капацитет за овие проекти.
Втора фаза на проектот
Во втората фаза на проектот се продолжува со анализа и картирање на локации за изградба на вакви проекти согласно утврдена методологија, на земјиште кое нема друга употребна вредност. Секако, принципот на заштита на природата и локалното население се клучни и движечки вредности во овој проект. Дополнително на ова, формирано е Советодавно тело на проектот, од претставници на национални и меѓународни институции како и експертска работна група која ја ревидира работата на МАНУ и овозможува уште поквалитетно истражување и резултати од овој проект.
Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.

СОЛАРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Се проценува дека 50 GW соларна фотоволтаична инсталирана моќност може да се развие во области со оцена повисока од 4,2 означени со темно црвена боја, или 11 GW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.

ВЕТЕРЕН ПОТЕНЦИЈАЛ Околу 457 MW инсталирана моќност на ветерни централи може да се развијат во области со оценка повисока од 3,7 означени со темно виолетова боја, или 354 MW доколку не се земат предвид областите значајни за растенијата и локациите кои се значајни за птиците.
Дополнителни информации
Објавени студии и анализи



Проектот е реализиран од



Најнови коментари