За потребите на своите проекти во доменот на енергетиката и активното граѓанство, Еко-свест има потреба од ангажирање на компанија за спроведување на длабински интервјуа и анкета врз репрезентативен примерок во општина Вевчани.

ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА

Целта на активноста е спроведување на:
1. 5 длабински интервјуа со клучни чинители од Општина Вевчани, вклучително претставници на локална администрација, јавни институции, бизнис сектор, културни и туристички оператори, и
2. репрезентативна анкета со жители во општина Вевчани,

за истражување на ставовите и подготвеноста на клучните чинители и жителите за формирање и учество во енергетска заедница на обновливи извори на енергија, како и да се идентификуваат мислења, искуства и согледувања за вклучување на социјални и родови прашања при донесувањето на одлуки и вклучувањето во активности за праведна енергетска транзиција и граѓанско учество. Ова истражување е дел од активности на проект поддржан од фондацијата Хајнрих Бол (HBS). Целта е да се обезбедат податоци кои ќе послужат како основа за понатамошна анализа, препораки и активности за праведна енергетска транзиција и граѓанско учество.

ЗАДАЧИ НА ИЗБРАНАТА КОМПАНИЈА :

  1. Подготовка и планирање
    • Целосно запознавање со целите на проектот;
    • Преглед и усогласување на учесниците, и методологија за анкета и регуртација на учесници;
    • Разработка на интерен временски план.
  2. Идентификација и регрутација на интервјуирани
    • Идентификација на 5 релевантни чинители за интервјуа;
    • Осигурување родова и секторска застапеност;
    • Контактирање на испитаници и обезбедување согласност.
  3. Спроведување на длабински интервјуа, анонимизирање и обработка на податоци
    • Организација и реализација на 5 длабински интервјуа (во живо, по телефон или онлајн);
    • Обезбедување на аудио-снимање и етички услови;
    • Доследно анонимизирање на личните податоци преку доделување кодови (пр. MKD1, претставник од….; MKD2, претставник од…);
    • Изработка на транскрипти на сите длабински интервјуа (со стандардизиран почеток: име на интервјуист, датум, место, организација/институција на лицето кое ќе се интервјуира, работна позиција – пр. МКД1, претставник од ….).
  4. Спроведување на репрезентативна анкета во општина Вевчани
    • Организација и реализација на анкета врз репрезентативен примерок од населението во општина Вевчани;
    • Консултации со тимот на Еко-свест за методологијата и формулирањето на прашалникот;
    • Сегментирање по демографски и социо-економски критериуми;
    • Анализа и презентација на резултатите.
  5. Доставување необработени податоци
    • Доставување на транскрипти од сите интервјуа во електронска форма;
    • Доставување на ексел документ со сите влезни податоци од анкетата.
  6. Чување на податоци за експертските интервјуа
    • Зачувување на аудиоснимките и транскриптите на безбедна платформа, во согласност со барањата на проектот;
    • Чување на копии од потпишаните форми за согласност и интервју-транскрипти најмалку 5 години.
  7. Крајна достава
    • Доставување на 5 целосни и ревидирани транскрипти од длабинските интервјуа, најдоцна до 30 јуни 2026 година;
    • Доставување на финален извештај за длабинските интервјуа, кој ќе вклучи опис на процесот, профилите на учесници, идентификувани добри практики, предизвици и препораки;
    • Доставување на финален извештај од репрезентативната анкета за општина Вевчани, кој ќе содржи методологија, обработени резултати и заклучоци, најдоцна до 30 јули 2026 година;
    • Двата извештаи треба да бидат подготвени на македонски јазик и доставени во електронска форма.

ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за спроведување на активностите е следниот:
• За 5 длабински интервјуа: од април 2026 до јуни 2026 година, со предавање на сите транскрипти и краток извештај најдоцна до 30 јуни 2026 година.
• За репрезентативната анкета во општина Вевчани: активноста треба да се реализира во периодот од април до јуни 2026 година, со предавање на финален извештај со резултати најдоцна до 30 јули 2026 година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Компанијата која се пријавува мора да ги исполнува следниве критериуми:
1 . Активна компанија, здружение или фондација формирано/а согласно Законите во С. Македонија, и постои најмалку 3 години.

2. Претходно искуство во подготовка, реализација и обработка на длабински интервјуа и анкети на репрезентативен примерок.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
При пријавувањето, заинтересираните компании треба да достават :

1. Краток опис на компанијата, портфолио со претходно искуство и краток план за спроведување на активностите (не повеќе од 1 страна);
2. Тековна состојба не постара од 6 месеци;
3. Финансиска понуда (Анекс 1);
4. Пополнета изјава од понудувач (Анекс 2).

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Комплетната понуда треба да се испрати на е-маил: [email protected] најдоцна до 18 март 2026 година до 16:00 часот, со назнака Понуда за интервјуа и анкета – праведна енергетска транзиција.

Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања до [email protected] најдоцна до 16 март 2026 во 12:00 часот. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
1. Претходно искуство во спроведување на слични активности 70 бодови
2. Понудена цена за активноста 30 бодови
Вкупно 100 бодови.

Ќе биде склучен договор со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.

Еко-свест ќе гo контактира избраниот понудувачи, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда. Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.

Напомена: од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024/2025 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериумите за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

ДОВЕРЛИВОСТ

Сите информации кои се поврзани со оценката на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Анекс 1 Финансиска понуда

Анекс 2 Изјава за исклучување од учество во набавка

Share This

Share this post with your friends!