Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ за своите редовни активности објавува повик за ангажирање на медиунмска организација за спроведување на едукативно-информативни телевизиски емисии од доменот на заштита на животната средина.
Детален опис на бараната услуга е прикажан во Анекс 1.
Временска рамка за доставување на понуда
Се покануваат заинтересираните страни да достават свои понуди за наведените активности на електронската адреса [email protected], со назнака „Понуда за емисија“. Рокот за доставување на понуди ќе биде отворен од 28.04.2026 година, до 12.05.2026 година во 16:00 часот.
Критериуми за пријавување
- активна компанија или организација која е формирана согласно македонските закони со главна дејност во областа на медиумското работење и постои најмалку 5 години, што се докажува со тековна состојба од Централниот регистар, не постара од шест месеци;
- Искуство во реализација на телевизиски емисии со едукативна и информативна содржина,
- Стручност и искуство во теренско новинарство и со емисии во студио
- Стручен и искусен персонал (сниматели, монтажери, новинари). Соодветно работно искуство на секој член од предложениот тим кое нема да биде помало од 2 (две) години, што ќе може да се докаже преку деталните работни биографии.
- Поседување на соодветни технички и административни капацитети и услови за продукција и пост-продукција на содржини и видео материјали или има соработка со соодветна компанија/организација која ги има овие капацитети и ресурси и истите се достапни и за нарачателот, во случај истите самостојно да не ги поседува.
- Можност да ја понуди оваа услуга за најмалку 1 година од денот на потпишување на договорот.
Потребна документација за доставување понуди
Технички дел од понудата:
- Краток опис на компанијата;
- Професионални биографии (CV-а) на лица од тимот кој ќе работи на кампањата;
- Техничка понуда со детали за времетраењето, фрекфенцијата и начинот на организација на едукативно-информативните емисии со информација за гледанота на емисијата.
- Потпишана изјава (Анекс 2).
Финансиски дел од понудата:
- Тековна состојба од субјектот, не постара од 6 месеци;
- Финансиска понуда по ставки изразена во македонски денари со вклучен ДДВ.
Доставување на понуди
Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања до [email protected] најдоцна до 8 мај 2026.
Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.
Евалуација на понудите
По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите понуди.
Бодувањето на пристигнатите понуди ќе се изврши на следниот начин:
– Искуство на понудувачот- 30 бодови
– Технички капацитет- 20 бодови
– Технички предлог за организација на емисиите – 30 бодови
– Финансиска понуда – 20 поени
Еко-свест ќе го контактира избраниот понудувач, не подоцна од 7 дена од истекот на периодот за доставување на понуда.
Ќе биде склучен договор со онаа компанија која освоила најголем број бодови во сооднос квалитет на понуда и цена.
Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката за избор на најдобар понудувач, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.
Напомена: од избраниот понудувач, освен горенаведените податоци, ќе се побара да достави дополнителна документација која вклучува тековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; завршна сметка за 2024/2025 (за правни лица); потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исплонува критериумите за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.
Доверливост
Сите информации кои се поврзани со оценката на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.
Анекс 1. Детален опис на услугата
Општи информации за Еко-свест
Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ е здружение на граѓани основано во 2002 година. Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.
Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.
Во таа насока, би сакале да создадеме ТВ емисија која ќе биде насочена кон информирање на публиката за еколошките теми, за чие знаење сметаме дека има голем простор за подобрување. Насловот на емисијата би бил „Еко-свест истражува“.
Емисијата би била тематски осмислувана и предводена од тимот на Еко-свест, а реализирана со помош на телевизиска продукција.
Детален преглед на „Еко-свест истражува“
- Емитување на 30 минутна емисија „Еко-свест истражува“
- Целосна телевизиска продукција во доменот на снимање, монтирање и преработка на материјалите.
- Задржување на правото на Еко-свест да не бидат емитувани комерцијални реклами за време на 30 минутната емисија.
- Овозможување на соодветен студиски простор каде би се снимал дел од емисијата.
- Комбиниран пристап студио и терен, со дополнителни прилози.
- Емитување два пати месечно
Теми за емисиите и дополнителни материјали
Природа
Заштита на волкот и мечката во Македонија (https://www.youtube.com/watch?v=_b6DSm7Z_EM)
(https://www.youtube.com/watch?v=Z3g_v2KiC1k)
(https://www.youtube.com/watch?v=THJm1SSWT0g)
Нов закон за природа и репрогласување на НП Маврово (https://www.youtube.com/watch?v=lGZVjRGUivc)
Инвазивни видови во Македонија (https://www.youtube.com/watch?v=oGzAS8fpxWw)
Води
Реките како крвоток на природата- ослободување на реките (https://www.youtube.com/watch?v=pLhSKXSXgNw)
(https://www.youtube.com/watch?v=O_3Jdxq3GoM)
Уметниците за реките (https://www.youtube.com/watch?v=U-3RiYu20_c&t=6)
Заканите од хидроцентралите врз реките
Заштита на Вардар и прогасување на Демир Капија за заштитено подрачје (https://www.youtube.com/watch?v=2pe599TuwFE)
Еколошки проток на реките – зошто е важен?
Енергија
Просумери- што е тоа просумер и кои се придобивките? (https://www.youtube.com/watch?v=Oc5gThCzTvM)
Енергетска ефикасност во домот (https://www.youtube.com/watch?v=YM34q6Iiyks&list=PLKRgACPI9ORqlqYcjSIm6ViZ5xJQprU84&index=3)
(https://www.youtube.com/watch?v=U0CM3xyZOu8&list=PLKRgACPI9ORqlqYcjSIm6ViZ5xJQprU84&index=4)
(https://www.youtube.com/watch?v=jM0w2OgGwsc&list=PLKRgACPI9ORqlqYcjSIm6ViZ5xJQprU84&index=5)
Што е тоа праведна транзиција (https://www.youtube.com/watch?v=A_ipAmScGyY)(https://www.youtube.com/watch?v=VWrBSrsUKGM)
Развој на обновливи извори врз стари рудници (https://www.youtube.com/watch?v=A_ipAmScGyY&t=24s)
Еколошки жешки точки- можност за нивна трансформација (https://www.youtube.com/watch?v=W8seIHXhAeA)
Клима
Што е климатска адаптација и ублажување на климатските промени? (https://www.youtube.com/watch?v=tYCY3buatuw&list=PLKRgACPI9ORqlqYcjSIm6ViZ5xJQprU84&index=14)
(https://www.youtube.com/watch?v=E2WUmWzhing&list=PLKRgACPI9ORqlqYcjSIm6ViZ5xJQprU84&index=15)
Дали климата влијае на земјоделството и како?
Климата и природата (https://www.youtube.com/watch?v=TKU64YBgC4s)
Климата во градовите- паметно планирање на урбаните средини (https://www.youtube.com/watch?v=E2WUmWzhing&t=65s)
Активно граѓанство
Зелен телефон (https://www.youtube.com/shorts/KTJfXCi2c4E)
(https://www.youtube.com/shorts/ieqPdTwZlxw)
Активизам на дело – ова може да оди во секој прилог на крај како информација за протест, граѓанска активност, волонтерска активност, активности на младите во училиштата, чистење на реки и сл. позитивни примери.(https://www.youtube.com/shorts/ZOLzQF8AJsA)
(https://www.youtube.com/shorts/OyA_XPLCAsw)
Прашање:
во врска со конкурсот за еко – емисии сакам да ве прашам дали има посебна апликација за пополнување и дали има ограничување во буџетот.
Одговор:
Ви благодарам на прашањето. Не постои конкретна апликација за повикот, ве молиме следете го упатството. Потребно е да поднесете:
Краток опис на компанијата- поднесете кратко портфолио
Професионални биографии (CV-а) на лица од тимот кој ќе работи на кампањата;
Техничка понуда со детали за времетраењето, фрекфенцијата и начинот на организација на едукативно-информативните емисии со информација за гледанота на емисијата.- Следете го деталниот опис на активноста во Анекс 1 и предложете Ваш концепт за емисијата.
Потпишана изјава (Анекс 2)- потпишете ја изјавата која е дадена во Анекс 2.
Финансиски дел од понудата се состои од:
Тековна состојба од субјектот, не постара од 6 месеци;
Финансиска понуда по ставки изразена во македонски денари со вклучен ДДВ- Наведете ги разложени трошоците поврзано со продукција на емисијата и нејзино емитување, по емисија. Вклучете ДДВ износ.
Стојам на располагање доколку Ви се потребни повеќе информации.
Прашање
Vo vrska so tekovniot povik imam prashanje povrzano so temata na emisiite. Dali treba strino temata da bide spored toa sto e navedeno ili moze da bide na primer tema shto e povrzana so navedenite temi. Konkretno dali moze temata da bide pravilno recikliraje, pravilna elekcija na otpad, upravuvanje so otpad i sl.
Одговор
Ви благодарам на прашањето. Темите не се фиксни, но се поврзани со активностите и работата на Еко-свест. Ве молиме за деталите околу нашите активности проверете ја нашата веб страница. Темите ќе бидат дефинирани согласно тековните потреби, актуелните теми во општеството, па така отпадот како тема не е исклучен, но не е и едиствена тема на емисијата.
Прашање:
Dali treba da se dostavi ponuda samo za edna emisija od 30 minuti ili brojot i traenjeto na emisiite ne e ogranicen?
Одговор:
Како што е наведено во повикот, емисиите се замислени да се емитуваат по две месечно, во времетрање од 12 месеци, согласно, понудата треба да одговара на ова барање во повикот.