04.05.2026

Локации: Тресонечка Река, Галичка Река (НП Маврово) и река Бистрица (НП Шар Планина)

1. Вовед и цел на повикот

Еко-свест објавува повик за изразување интерес од специјализирана компанија/конзорциум за изведба на теренски реставраторски активности. Наместо традиционални тешки инженерски зафати, овој проект се фокусира на решенија базирани на природата (Nature-based Solutions) со цел обновување на хидроморфологијата, рипариските појаси и влажните живеалишта.

2. Опсег на работа

Избраниот изведувач ќе биде одговорен за спроведување на сите или дел од пакет мерки поделени во неколку клучни категории:

А. Хидроморфолошка реставрација

  • Модификација на бариери: Отстранување или техничка адаптација на мали прагови и цевни премини за воспоставување надолжна поврзаност на реките.
  • Реобликување на корита: Создавање на riffle-pool секвенци (плитаци и вирови) и воспоставување локални меандри за зголемување на хидрауличката хетерогеност.
  • Поплавни тераси: Оформување на мали странични корита (backwaters) и инсет тераси за поврзување на реката со поплавната рамнина.

Б. Биотехнички и био-инженерски мерки

  • Инсталација на Large Woody Debris (LWD): Стратешко поставување и закотвување на дрвна маса (стебла, корени) во коритото.
  • Стабилизација со живи материјали: Користење на живи фашини, плетени ролни од врбови прачки и снопови од автохтона вегетација наместо бетонски заштити.
  • Камени структури: Поставување на камени блокови и дефлектори (rock vanes) за насочување на текот и заштита од ерозија.

В. Обнова на крајречни појаси и GWDTE системи

  • Ревегетација: Садење автохтони видови (Alnus, Salix, Populus) во јадрото на крајречната зона (0-10 m).
  • Re-wetting (Повторно навлажнување): Затворање на штетни дренажни канали и создавање микро-депресии за задржување на водата во влажните ливади.

Г. Поддржувачки мерки

  • Санација на локални жаришта со отпад и чистење на диви депонии.
  • Изведба на анти-ерозивни пречки на шумски патишта (cross-drains).

3. Специфични барања и пристап

Изведувачот мора да се придржува до следните принципи:

  • Минимален отпечаток: Работа со лесна механизација и рачен труд каде што е потребно за да се заштити постоечката вегетација.
  • Локални материјали: Примарно користење на локален камен, дрво и автохтони растенија.
  • Фазна имплементација: Спроведување на мерките на приоритетни делници од 1–2 km со можност за идно проширување.

4. Квалификации на понудувачот

  • Докажано искуство во нискоградба, хидротехнички зафати или еколошки инженеринг.
  • Искуство во работа во заштитени подрачја (предност).
  • Располагање со соодветна механизација и стручен кадар (биолози, шумарски или хидро-инженери).
  • Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна
    Македонија, и постои најмалку 3 години.
  • Најмалку 3 ( три) години професионално работно искуство во доменот на работната задача

5. Потребна документација за пријава

  1. Профил на компанијата и листа на референтни проекти.
  2. Писмо за намера: Со назнака за која категорија мерки се пројавува интересот- А, Б, Б или Г (да се наведат сите мерки кои може да ги спроведе понудувачот).
  3. Потпишана изјава за исполнување на критериумите за доставување писмо за намера и понуда (Анекс 1)

Напомена: Изведбата на овие мерки ќе се врши во тесна соработка со стручниот тим на Еко-свест и управите на НП Маврово и НП Шар Планина.

Доставување на документацијата

Повикот е отворен од 04.05.2026 до 12.05.2026 година.

Заинтересираните компании можат да изразат интерес за давање понуда најдоцна до 12.05.2026 година во 16:00 часот.

Изразувањето интерес треба да се достави во електронска форма на [email protected] . Наслов на пораката Изразување интерес за спроведување на пилот-реставраторски мерки.

Заинтересираните понудувачи може да поставуваат прашања до [email protected] најдоцна до 8 мај 2026.

Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Некомплетна документација или документација испратена по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

Доставените материјали остануваат во архивата на Еко-свест.

Критериуми за избор

По истекот на рокот за пријавување, ќе се креира Комисија од 3 члена, која ќе изврши бодување на пристигнатите пријави.

Критериумот за избор на пријавите:

– Искуство на понудувачот и претходно спроведени слични проекти

– Технички капацитет и расположливи ресурси.


Компаниите кои ги исполнуваат критериумите и се избрани од страна на Комисијата ќе бидат поканети да достават финансиска понуда за спроведување на мерки, за кои ќе биде даден детален преглед и опис.

Доверливост

Сите информации кои се поврзани со оценката на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Share This

Share this post with your friends!