Основни информации

Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скoпје има потреба од туристички и туроператорски услуги од компании. Услугата која е предмет на овој повик ќе биде финансирана преку активните проекти на Еко-свест од различни донатори.

Цел и задачи

Ангажираната компанија ќе биде одговорно за туристичките и туроператоски услуги и ќе има обврска да пружи услуги во следниве области:

  • Продажба на авиобилети и билети со други средства за патување;
  • Изнајмување на автобуси/минибуси и организација на рент-а-кар изнајмување;
  • Резервирање на хотелско сместување;
  • Изнајмување на станови и апартмани;
  • Изготвување на здравствено патничко осигурување;
  • Планирање и обезбедување на индивидуални и групни пакет аранжмани;
  • Организирање на трансфери до и од домашни и странски аеродроми и други срества на патување за различни групи на патници;
  • Организирање на деловни патувања за конгреси, семинари, работилници, студиски посети и други манифестации во земјата и странство;
  • Посредување во вадење визи за Австралија, САД, Канада и сл.
  • Ангажман за соодветен стручен персонал за различни потреби поврзани со туристички и туроператорски услуги во земјата и странство.

Временска рамка за доставување на понуда

Периодот за доставување понуди е 7 работни дена од објавување на отворениот повик односно до 08.05.2026 година 16:00 часот.

По истекот на овие 7 дена Еко-свест ќе оформи комисија која ќе биде задолжена за избор на најдобра понуда.

Потребна документација за пријавување

Заинтересираните компании треба да достават:

  • Понуда за туристички и туроператорски услуги со вклучен ДДВ
  • Потпишана изјава (види Анекс 1)
  • Кратко портфолио на компанијата
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци

Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.

Критериуми за понудувачите

Активна компанија која е формирана согласно Законите во Република Северна Македонија, и постои најмалку 5 години.

На повикот може да се пријават правни лица кои ги исполнуваат наведените правни и технички услови.

Доверливост

Сите информации кои се поврзани со оценка на понудите нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во процесот на селекција, дури и по завршување на процесот на избор. Сите податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат, прибираат, споделуваат за други цели надвор од овој повик и целта на истиот.

Пријавување и контакт информации

Понудите треба да се испратат на email: [email protected] најдоцна до 08.05.2026 до 16:00 часот, со назнака Доставување на понуда. Евентуални прашања за повикот можат да се достават до [email protected] најдоцна до 06.05.2026 година.

Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот. Нецелосните понуди, односно понудите испратени после предвидениот рок за аплицирање, нема да бидат земени во предвид.

Евалуација на кандидатите

Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

Портфолио на компанијата – 50 бодови

Финансиска понда – 50 бодови

Вкупно 100 бодови

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најмногу бодови, не подоцна од 31.05.2026.

Еко-свест ќе гo контактира избраниот понудувачи, не подоцна од 7 работни дена од истекот на периодот за доставување на понуда. Во рок од 3 дена од донесувањето на Одлуката, Еко-свест ги информира сите понудувачи за исходот од постапката. Понудувачите имаат право да поднесат Приговор во врска со постапката во рок од 3 календарски дена.

Напомена!

Еко-свест ќе бара од избраниот понудувач пред склучување на договор за соработка да ја достави следната документација:

Tековна состојба/потврда за регистрирана дејност на добавувачот; потврда за солвентност/бонитет; потврда/информација од Централен Регистар за забрана за вршење дејност и регистар за казни на правни лица; уверение за платени даноци и придонеси; изјави за доверливост и непостоење на конфликт на интереси од страна на избраниот кандидат (физичко лице) или изјава дека ги исполнува критериумите за учество (правно лице); биографии (CV) на консултантите; листа на референци/портфолио.

Опис на услугата туристички и туроператорски услуги

Изјава за исклучување од учество во набавка (Анекс 1)

Share This

Share this post with your friends!