Клима
Климатските промени се најголемиот проблем на денешницата и сериозен предизвик за Владите во светот бидејќи ја наметнаа потребата за целосна промена на правните и економските системи. Од ненадејни промени на временските услови кои влијаат на производството на храна, па се до подигнување на нивото на морињата што го зголемува ризикот од катастрофално поплавување, влијанијата на климатските промени се во обем досега невидени. Нашата земја ги трпи последиците од климатските промени, но нема финансиски средства да се справи со штетите и загубите, затоа е исклучително ранлива на климатските промени.
Наскоро ќе се соочиме со потопла и посушна клима. Се очекуваат и екстремни бури кои ќе предизвикаат поплави.
Затоа, потребни се амбициозни политики за климатска акција и институции подготвени да ги применат овие политики во пракса.
Нашата цел
Климатските политики мора да бидат висок приоритет за Владат бидејќи ги засегаат сите сектори на општеството. Амбициозните климатски цели треба да се пресликаат во сите релевантни сектори, особено секторот енергетика кој најмногу придонесува за емисиите на стакленички гасови.
Клучно е и јасно дефинирање на улогите на институциите во имплементација на мерките за климатска акција како и зголемување и подобрување на нивните административни капацитети. Обезбедување финансии за секторот иновации е клучно и треба да се смета за приоритет.
Нашите активности
Преку своето делување Еко-свест ќе придонесе кон остварување на целта со своите активности:
– Следење и известување од конференцијата за клима при Рамковната конвенција за клима на ООН со цел доближување на климатските цели и амбиции кон меѓународно договорените и превземање на позитивни примери и искуства за имплементација на мерки за ублажување и прилагодување.
– Следење и активно учество во националните процеси за носење стратегии, закони, подзаконски акти и имплементација на мерките за климатска акција станува особено важно кога политиката се движи бавно.
– Подршка, едукација, информирање и предводење на работата на Коалицијата за клима на националниот граѓански сектор за спроведување на активности кои го помагаат исполнувањето за зацртаните климатски цели на земјата. Менторска и правна помош за граѓанските организации во овој домен. Спроведување на Програма за грантови за граѓански организации.
– Подигнување на јавната свест за влијанието на климатските промени врз различните сектори во општеството
Соработка и поддршка за институциите за развој на капацитети и практична климатска акција.
Solanum elaeagnifolium
Изработката на веб страницата invazivni.mk е во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, спроведуван од страна на Еко-свест и финансиски поддржан од Шведска. Solanum elaeagnifolium, познато како сребреста ноќничка, е агресивен инвазивен вид со потекло од Северна Америка, денес распространет во повеќе делови на Македонија, вклучувајќи го и Отиквиште. Ова растение се карактеризира со исклучителна отпорност на суша, брза репродукција преку коренски систем и семиња, како и адаптибилност на различни типови почви.
Извештај во сенка за Поглавјето 27: сеуште недостасува правна рамка за климатска акција
Во периодот 2024–2025 година, подпоглавјето за климатски промени во Македонија бележи многу ограничен напредок, и покрај одредени иницијативи,...
Праведната транзиција започнува локално
Заедниците од регионите зависни од јаглен треба да го водат процесот на праведната енергетска транзиција во државата, а за да можат да го прават ова...
Западен Балкан може да собере 4,2 милијарди евра годишно ако воведе домашен надоместок на јаглерод
Механизмот на ЕУ за регулирање на прекуграничните емисии на јаглерод или CBAM стапува воцелосна сила од 1 јануари 2026 година. Но, недостатокот на...
За живот на живиот свет
Кампањата „За Живот на Живиот свет“ има за цел да им се помогне на граѓаните подобро да ја разберат важноста на урбаниот биодиверзитет и што можат тие да направат за да помогнат во ублажувањето на климатските промени и прилагодувањето на урбаниот живот кон последиците од климатските промени.
Подгрантова програма: Граѓанските организации во акција за климатските промени (2025)
Овие проекти претставуваат конкретен чекор кон одржливо, енергетски ефикасно и климатски отпорно опшетство. Преку директни активности, вклучување на заедниците и применливи решенија, тие создаваат долгорочна корист за животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.
Завршен настан на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“и (2025)
На настанот присуствуваа сите учесници и организации кои беа директно вклучени во програмските активности. Учество земаа и зборуваа повеќе колеги и соработници, за заедничките постигнувања на проектите и програмата, споделуваа искуства од работата на Коалицијата за клима, соработката помеѓу организациите, општините, институциите на национално и локално ниво, конкретните климатски акции кои беа преземани и предизвиците и можностите за понатамошно делување во областите на заштита на животната средина и климатските промени.
Одржливи практики за климатска акција – Македонските општини во посета на нивните Шведски колеги од Малме и Лунд (2025)
Помеѓу 4 и 8 март делегација од градоначалници и претставници на 8 општини од Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање учествуваа на студиска посета во Шведска посветена на климатска акција. Градоначалниците и претставниците од општина Битола, Струмица, Делчево, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Лозово и Пласница, како и претставникот од одделението за соработка со локалната самоуправа при Министерството за животна средина и просторно планирање ги посетија Малме и Лунд со цел да се запознаат со практичните мерки за заштита на животната средина, урбаното планирање и развој и соработката со академската заедница и граѓаните за создавање на одржливи и отпорни градови.
Поддршка на климатските цели преку локални климатски акции (2025)
Активностите се спроведени како дел од програмата за грантови под проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, што го спроведе Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ со финансиска поддршка од Владата на Шведска. Целта на програмата беше да поттикне силно и живо граѓанско општество што ќе има значајна улога во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството.
Конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“ (2024)
Земјите од Западен Балкан мора веднаш да се откажат од плановите за проширување на гасната инфраструктура и да ги насочат своите инвестиции кон обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, за да постигнат вистинска енергетска трансформација и да избегнат економски и еколошки ризици. Ова е заклучокот од вчерашната конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“, што се одржа во Скопје, а беше организирана од Центарот за истражувања и информирање за животна средина „Еко-свест“, со поддршка од Европската фондација за клима.
Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)
Еко-свест заедно со други партнерски граѓански организации направија преглед на напредокот во реализацијата на Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, приложени во Извештајот во сенка за 2023 година. Потребно е да се усвојат сите закони и навремено да се транспонираат ЕУ регулативите, што е особено значајно за Поглавјето 27 со цел подобрување на состојбите во животната средина и климата. Граѓанските организации сè уште немаат доволно капацитети за соодветно учество во процесите на подготовка, коментирање но и понатамошна комуникација на законите и подзаконските акти од Поглавјето 27.
Правни совети – серија информативни видеа (2023)
Еко-свест во рамки на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ подготви серија видеа кои нудат конкретни и практични информации за различни прашања поврзани со правната регулатива и можностите кои им стојат на организациите и граѓаните на располагање за остварување на нивните права, пристап до информации и правда и учество на јавноста. Видеата треба да им послужат на засегнатите граѓани како објаснување и олеснување низ процесот на постапување со надлежните институции при остварување на нивните права.
Бриф за политики: Комуницирање на климатските промени со сите засегнати страни во Северна Македонија – Мај, 2025
Методологија за ПЗН (пост-законодавен надзор) на законодавството за животната средина и климата во Република Северна Македонија- Март 2025
Атлас за пластиката: факти и бројки за светот на синтетичките полимери, прво македонско издание (2023)
КОРИДОРИТЕ 8 И 10 – ДАЛИ ИМАМЕ ДОВОЛНО ГАРАНЦИИ ДЕКА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТИ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НЕГАТИВНО ВРЗ ШУМСКИОТ ФОНД (2023)

![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
![]()





Претплати се на каналот на Еко-свест