Автори
Филип Стојановски, м-р Бојана Станојевска Пецуровска, д-р Даниела Младеновска, Александра Каракашова Сачкарска, д-р Петра Поп Ристова, м-р Робертина Брајаноска, Елена Николовска
Опис
Извештајот е подготовен врз основа на претходно развиена методологија со која четири организации (Центар за климатски промени, „Еко-свест“, „Милиеуконтакт“ Македонија и Македонско еколошко друштво) работат на мониторинг на усогласувањето на националното законодавство со европското, но и на спроведувањето на законодавството на национално и локално ниво, го анализираат напредокот и ги сумираат главните наоди во еден извештај, кој носи наслов Извештај во сенка за Поглавје 27.
Овој извештај ги опфаќа само потпоглавјата „Хоризонтално законодавство“, „Квалитет на води“, „Управување со отпад“, „Квалитет на амбиентен воздух“, „Индустриско загадување и управување со ризик“, „Заштита на природата“ и „Климатски промени“, односно секторите каде што има напредок и кои опфаќаат повеќе директиви. Во Извештајот во сенка за Поглавје 27 за 2023 година е анализиран напредокот во последната година, односно во периодот од декември 2022 година до декември 2023 година, а подготовката ја овозможи проектот „Граѓанските организации во акција за климатски промени“ спроведуван од „Еко-свест“ во партнерство со МЗМП и ЦНВП, а финансиран од Владата на Шведска.
Целта на овој Извештај е да даде детален преглед на напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското за овие сектори, кои се дел од Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, но и да го анализира спроведувањето на национално и локално ниво. Извештајот ги утврдува недостатоците во овие процеси, укажува на нив, а исто така ги анализира спроведувањето на препораките и начините за нивно надминување. Истовремено, овој Извештај треба да го подобри дијалогот помеѓу релевантните институции, граѓанскиот сектор, стручната јавност, меѓународната заедница и сите чинители во процесот на усогласување на законодавството и неговото спроведување, но и да осигури континуитет во соработката помеѓу релевантните чинители.
(Линкови до македонски, англиски и албански документ)
Најнови коментари