Мисија
Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и практики за заштита на животната средина и одржливо живеење.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со релевантни организации и институции.
Визија
Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде граѓаните одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

За живот на живиот свет
Кампањата „За Живот на Живиот свет“ има за цел да им се помогне на граѓаните подобро да ја разберат важноста на урбаниот биодиверзитет и што можат тие да направат за да помогнат во ублажувањето на климатските промени и прилагодувањето на урбаниот живот кон последиците од климатските промени.
„Let’s be clear. The planet is not in jeopardy. We are in jeopardy. We haven’t got the power to destroy the planet – or to save it. But we might have the power to save ourselves.“
ОТВОРЕН ПОВИК за изработка и спроведување на комуникациска и PR кампања
Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проект финансиран од “The Nature Conservancy(TNC)” има...
ОТВОРЕН ПОВИК за Превод на стрипови
Центарот за истражување и информирање за животна средина Eко-свест од Скопје во рамки на проектот „Подигнување на свесноста за праведна транзиција и...
Отворена програма за поддршка на граѓанските здруженија во рамките на проектот „Заштитени подрачја за природата и луѓето“
Повикот за аплицирање на проекти е отворен до 21. декември 2021 година до 16.00 часот Програмата за мали грантови е наменета за локални здруженија и...
Месечен информатор на Еко-свест
Доколку сакате да го добивате месечниот информатор на Еко-свест на вашата мејл адреса регистрирајте се преку следниот линк:






































































