Центарот за истражување и информирање за животна средина Eко-свест од Скопје во рамки на проектот „Подигнување на свесноста за праведна транзиција и обновливи извори на енергија како решенија за напуштање на јагленот“ има потреба од ангажирање на преведувач/и за превод на стриповите од едицијата Тим Еко.
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е превод на стриповите од серијата Тим Еко од македонски јазик на албански, англиски, бошњачки, српски и црногорски јазик.
ЗАДАЧИ
Преведувачот или преведувачкото биро треба да даде финален производ – превод на текстот на двата стрипови од серијата Тим Еко на 5 (пет) јазици и тоа:
- Албански јазик;
- Англиски јазик;
- Бошњачки јазик;
- Српски јазик;
- Црногорски јазик.
Стриповите кои треба да се преведат се наоѓаат на долунаведените врски:
Тим Еко Епизода 1: Tim_EKO_strip_web.pdf (ekosvest.com.mk)
Тим Еко Епизода 2: https://ekosvest.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/Tim_EKO_strip2.pdf
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Периодот за реализација на оваа активност изнесува 1 месец од потпишување на договорот, а не подоцна од 31.01.2022 година.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, апликантите треба да достават:
- Понуда со финансиска понуда
- Референтна листа на релевантни преводи (искуство со преводи на стрипови и поезија ќе се смета за предност, да се испрати и кус извадок од превод)
- Биографија (CV)
На повикот можат да аплицираат индивидуални преведувачи или преведувачки бироа.
Во зависност од капацитетите и искуството, апликантите можат да се пријават за изработка на превод само на еден, на неколку или на сите наведени јазици, но во апликацијата треба јасно да биде наведено за кои од бараните јазици се аплицира, а во финансиската понуда да биде специфицирана цената по јазик со вклучен ДДВ (доколку аплицира фирма) или со вклучен персонален данок (доколку аплицира физичко лице).
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
Еко-свест го задржува правото да ги задржи документите на апликантите во базата на потенцијални соработници за користење во иднина.
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИКАНТИТЕ
- Докажано искуство во писмено преведување (се докажува со биографија и референтна листа)
- Познавање на стрип културата и/или претходно искуство во превод на стрипови ќе се смета за предност (се докажува со извадок од направен превод, доколку постои и со соодветна референца во наративниот дел на понудата)
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Еко-свест ќе ги извести само оние кандидати чии понуди ќе бидат селектирани. Доколку проектниот тим смета дека е потребно, Еко-свест пред избирањето на успешните кандидати може да ги повика истите на разговор.
Договор ќе биде склучен со кандидатите кои ќе бидат проценети од проектниот тим како најсоодветни за превод на ваков тип на материја.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда апликантите треба да ја испратат по електронска пошта на [email protected] најдоцна до 27 декември 2021 година во 16:00 часот со назнака „Апликација за превод на стрип“.
Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Дополнителни информации или појаснувања можете да добиете на [email protected] најдоцна до 24.12.2021 година во 16 часот. Пораките за барање информации треба да ја содржат назнаката „барање информации за повик за превод на стрипови“.
Најнови коментари