Центарот за истражување и информирање за животната средина “Еко-свест” од Скопје, во рамки на проект финансиран од “The Nature Conservancy(TNC)” има потреба од ангажирање на компанија/или конзорциум од компании за изработка и спроведување на комуникациска и медиумска кампања(PR).
ЦЕЛ НА АКТИВНОСТА
Цел на активноста е спроведување на кампања за информирање и едукација на граѓаните за тековните процеси и потенцијали на енергетско планирање во земјата, согласно актуелната енергетска стратегија. Таа треба да ги комуницира потенцијалните проекти за развој на капацитети за искористување на обновливи извори на енергија (енергија со низок степен на негативно влијание врз природата).
Кампањата треба да влијае кон зголемување на свесноста на граѓаните за важноста од спроведување соодветен процес на енергетска транзиција, кон капацитети со најмало негативно влијание врз животната средина (кампања за енергетско планирање).
Кампањата ќе се користи за комуницирање на заклучоците и анализата (истражување) на ставови на чинителите за развој на капацитети за енергија (обновливи извори на енергија) со пошироката јавност, која ќе и биде презентирана на избраната компанија.
ЗАДАЧИ
Компанијата/организацијата треба:
1. Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од страна на Еко-свест;
2. Да изработи креативен визуелен идентитет и пораки на кампањата, со видео инфографици и анимации, дигитални гифови, флеш банери и сл. да достави дигитален маркетинг план, а во согласност со добиените насоки од Еко-свест;
3. Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред Еко-свест и да го модифицира во согласност со дадените насоки од Еко-свест;
4. Да обезбеди соодветен PR и медиумски пласман на продуктите од кампањата и соодветно претставување според одобрен PR план;
5. Во координација со Еко-свест да организира еднодневен настан до 30лица со релевантни државни чинители и засегнати страни на крајот на месец февруари;
5. Да ја спроведе медиумска кампања во времетраење од три месеци.
ВРЕМЕНСКА РАМКА
Времето на изработка на деталните креативни решенија, вклучувајќи го и дигиталниот маркетинг план е 15 (петнаесет) дена по потпишување на Договорот.
Времето на спроведување на кампањата е три месеци по одобрување на дигиталниот маркетинг и PR план.
Времето на доставување на детален извештај за постигнатите резултати е најдоцна 15 дена по завршување на кампањата.
Вредноста на договорот не може да надмине 615.000 денари во бруто износ.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
При аплицирањето, компаниите/организациите треба да достават:
- Опис на компанијата со портфолио на реализирани кампањи за дигитални медиуми со посебен осврт на теми од животна средина, климатски промени, енергетска транзиција, енергетска ефикасност, енергетска сиромаштија.
- Краток опис на предлог креативни решенија и дигитален план;
- Тековна состојба не постара од 6 месеци ;
- Финансиска понуда по ставки (види Анекс 1)
Целокупната документација треба да биде доставена на македонски јазик во електронска форма.
КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИЈАВИТЕ
- Активна компанија/организација или конзорциум од компании, која е формирана согласно Законите во Република Северна. Македонија и постои најмалку 3 години. Во случај на пријава на конзорциум на повеќе компании или подизведувачи, договор ќе биде склучен со еден носител, во име на конзорциумот.
ЕВАЛУАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
– Претходно искуство: 60 поени
– Понудена цена: 40 поени
Вкупно: 100 поени.
Договор ќе биде склучен со онаа компанија/конзорциум со најголем број освоени поени во сооднос квалитет на понуда и цена.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Комплетната понуда, заинтересираните треба да ја испратат на еmail: [email protected] најдоцна до 30 декември 2021, 16:00 часот со назнака „Пријава за спроведување комуникациска и PR кампања“.
Некомплетни понуди или оние понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.
Повеќе информации можете да добиете на email: [email protected] или на 02 321-7246.
Најнови коментари