Активно граѓанство

Мисијата на Еко-свест, меѓу другото е насочена кон поттикнување на граѓанска свесност и учество во процесите на донесување одлуки, како столб на секое демократско општество. Во таа насока, Еко-свест се залага за силно и активно граѓанско општество кое конструктивно делува и остварува соработка со сите релевантни чинители.

Како предуслов за активно граѓанство се информирањето и едукацијата. Еколошката едукација за жал е на ниско ниво, а свесноста на граѓаните за корелацијата помеѓу животната средина и човековото здравје не е доволна, иако бележи пораст во последната деценија.

Во последните дваесет години бевме сведоци на почеста појава на граѓански активизам, кампањи за заштита на животната средина, протести и герила акции, главно во доменот на аерозагадувањето, отпадот и индустријата. На минатите локални избори, еколошки активисти од неколку општини станаа дел од општинските совети како независни кандидати, за прв пат во историјата на независна Македонија. Ова покажа поразвиена свест кај граѓаните за потребите еколошките прашања да се третираат посериозно и за важноста на овие прашања во процесите на донесување одлуки.

Во време на климатска криза и климатската акција на еколошките активисти на глобално ниво, нашите граѓани стануваат посвесни и поподготвени нешто да преземат во однос на ова прашање. Оттука, наша одговорност е да продолжиме да информираме врз база на наука и податоци и да овозможиме што е можно поквалитетно и посуштинско учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки во област на заштитата на животната средина.

Нашата цел

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во просперитет и во хармонија со животната средина. Притоа, свесните граѓани активно учествуваат во донесувањето на одлуките во доменот на животната средина и сите поврзани сектори. Учеството на јавноста е загарантирано, суштинско и корисно за подобрување на политиките и проектите на институциите. Институциите ја спознаваат важноста од учеството и овозможуваат постојани механизми за споделување на информации и консултации со јавноста.

Новите технологии овозможуваат полесен пристап до информации во двете насоки- кон граѓаните и кон институциите.

Нашите активности

Активностите на Еко-свест во секторот енергија ги опфаќаат речиси сите области во кои треба да се постигнат промени:

Развој и надградба на иновативни технолошки решенија за учество, координација и комуникација- екосфера, екомапа, еко-школа.
Граѓанска наука во мапирањето на клучни видови растенија, детектирање на проблеми во животната средина и сл.
Спроведување обуки на тема учество на јавноста и пристап до информации за граѓански организации и локални заедници користејќи ги изработените едукативни прирачници на истата тема, вклучувајќи и преглед на правните механизми за делување на граѓаните.
Соработка со уметници за креирање на уметнички содржини во областа на животната средина.
Еколошка едукација на млади и наставници преку проектите на кои работи Еко-свест

Правни совети – серија информативни видеа

Еко-свест во рамки на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ подготви серија видеа кои нудат конкретни и практични информации за различни прашања поврзани со правната регулатива и можностите кои им стојат на организациите и граѓаните на располагање за остварување на нивните права, пристап до информации и правда и учество на јавноста. Видеата треба да им послужат на засегнатите граѓани како објаснување и олеснување низ процесот на постапување со надлежните институции при остварување на нивните права.

Правни совети – серија информативни видеа

Придонеси кон науката

Мапирај го биодиверзитетот со iNaturalist мобилната апликација

YouTube player

Инвазивни видови

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ: Доколку го забележите овој плевел на вашите ниви или во околината, испратете ни фотографија и локација во порака! Со вашата помош ќе го мапираме и контролираме неговото ширење. Благодарност до сите што се вклучени во заедничката борба против инвазивните видови! Овие активности се дел од проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, кој го имплементира Еко-свест, со финансиска поддршка од Шведска 🇸🇪. Следете нè за нови теренски активности и приклучете се во заштитата на природата.

Вклучи се. Делувај. Заштити. https://invazivni.mk/

#Екомисија #Ековита #ИнвазивниВидови #SolanumElaeagnifolium #СребренолисенЗрнец #ЗаштитаНаПриродата #Неготино #Кавадарци #ГраѓанскаАкција #ClimateAction #EcoAwareness #ЕкоСвест

Успешно одржана трета Еко трампа

Тимот на Еко-свест оваа сабота успешно ја одржа третата Еко трампа, која претставува настан за размена на користени предмети, парчиња гардероба и...

Еко-свест ве кани на трета Еко трампа

Еко-свест со гордост ја најавува третата Еко трампа „На ти го, дај ми го“, уникатен настан посветен на одржливост, заедништво и креативна размена....

Во тек е отстранување на големо количество комунален отпад и градежен шут од речното корито на река Осојница после пријавување на алатката „Зелен телефон“

На нашиот сервис „Зелен телефон“ пристигна пријава за огромно количество одложен отпад покрај речното корито на река Осојница во општина...

Еко-свест овозможува пријавување на еколошки проблеми преку алатката за барање ПРАВНА ПОДДРШКА и пријавување преку ЗЕЛЕН ТЕЛЕФОН.

Граѓани можат да остварат комуникација со нас на нашиот бесплатен сервис – ЗЕЛЕН ТЕЛЕФОН 071 600 333 и да пријават проблем од областа на животна средина и природата.

Зелен телефон е алатка на Еко-свест преку која се овозможува пријавување на еколошки проблеми и барање правна помош.

  • Помош во доставување пријава или барање до надлежните за решавање на проблемот;
  • Советување во врска со еколошкиот проблем.

Градење на еко-свест и активно граѓанство е долгорочен процес.

Kолекција на македонски пропагандни плакати од 1948/1949.
Плакатите даваат јасна и директна команда што треба да правиш: „Пошумивај!“, „Сади Памук!“, „Штеди!“…
Работници и земјоделци сложно работат, во позадина новоизградени фабрики, патишта, мостови, куќи и згради. Се визуелизира дадената команда – нацртано е точно што треба да правиш.
Извор: www.artlexicon.mk #artlexicon

Еко-мапа

Еко-мапа е алатка за мапирање на податоци поврзани со животната средина. Главната цел на мапата е мапирање на сите еко-проблеми и позитивни практики за справување со климатските промени на мапа на РС Македонија и нивниот сооднос со сет други административни, ортофото, топографски и тематски мапи, како и мапи за заштитени подрачја во РС Македонија. Како дел од Еко-мапа е развиен модул за пријавување еколошки проблеми и за истиот има мобилна апликација на Android PlayStore.

Зелен телефон – Пријави еколошки проблем (2025)
Зелен телефон – Пријави еколошки проблем (2025)
ПЛАТФОРМА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И ПОТРОШУВАЧИПРОИЗВОДИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2025)
ПЛАТФОРМА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И ПОТРОШУВАЧИПРОИЗВОДИТЕЛИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА (2025)
Нова енергетска визија за Битола (2025)
Нова енергетска визија за Битола (2025)
Визија за развој на Битола (2024)
Визија за развој на Битола (2024)
НЕ ФРЛАЈ ОТПАД ВО РЕКИТЕ! (2024)
НЕ ФРЛАЈ ОТПАД ВО РЕКИТЕ! (2024)
Информативен постер за добивање филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише и 3Д печатење (2024)
Информативен постер за добивање филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише и 3Д печатење (2024)
Добивање на филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише (2024)
Добивање на филамент за 3Д печатач од ПЕТ шише (2024)
Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)
Извештај во сенка за Поглавјето 27 за 2023 година (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори –  Експериментално поле за млади научници (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори –  Експериментално поле за млади научници (2024)
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА ПРАШАЊА И ОБЛАСТИ КОРИСНИ ЗА РАБОТАТА НА ЕКОЛОШКИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (2023)
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА ПРАШАЊА И ОБЛАСТИ КОРИСНИ ЗА РАБОТАТА НА ЕКОЛОШКИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (2023)
Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)
Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)
УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)
УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)
Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)
Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)
Пчели-повеќе од мед (2022)
Пчели-повеќе од мед (2022)
Како да се подготвите за престој во природа? (2022)
Како да се подготвите за престој во природа? (2022)
Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)
Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)
QENDRONI TË SIGURT DHE FLISNI HAPUR (2021)
QENDRONI TË SIGURT DHE FLISNI HAPUR (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ПРОГОВОРЕТЕ ЈАВНО (2021)
БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ПРОГОВОРЕТЕ ЈАВНО (2021)
Тим ЕКО (2021)
Тим ЕКО (2021)
Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)
Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)
Зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)
Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)
Приказна за Јагленко (2020)
Приказна за Јагленко (2020)
Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Тим ЕКО (2020)
Тим ЕКО (2020)
Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)
Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)
Прирачник за мониторинг на клучните видови флора и фауна и типови живеалишта (2019)
Прирачник за мониторинг на клучните видови флора и фауна и типови живеалишта (2019)
Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Екосистем за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Екосистем за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Приказна за Јагленко (2018)
Приказна за Јагленко (2018)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Smart Ohrid concept – Pre-fesibility study (2018)
Smart Ohrid concept – Pre-fesibility study (2018)
Смарт Охрид Концепт – Предфизибилити студија (2018)
Смарт Охрид Концепт – Предфизибилити студија (2018)
Анализа на имплементацијата на националната законска рамка за перзистентни органски загадувачи (2018)
Анализа на имплементацијата на националната законска рамка за перзистентни органски загадувачи (2018)
ПАМЕТНИ ГРАДОВИ (2015)
ПАМЕТНИ ГРАДОВИ (2015)
Civil society positions regarding the IPA programming in Macedonia for the 2014-2020 period (2012)
Civil society positions regarding the IPA programming in Macedonia for the 2014-2020 period (2012)
Ставовите на македонскиот граѓански сектор за програмирањето на ИПА фондовите за 2014-2020 година во Македонија (2012)
Ставовите на македонскиот граѓански сектор за програмирањето на ИПА фондовите за 2014-2020 година во Македонија (2012)
Public participation experiences from IPA countries (2012)
Public participation experiences from IPA countries (2012)
Буџетот на Европската унија – водич за граѓаните (2012)
Буџетот на Европската унија – водич за граѓаните (2012)
Водич за активисти за Европските фондови (2012)
Водич за активисти за Европските фондови (2012)
Mercury in vaccines (2012)
Mercury in vaccines (2012)
Живата и вакцините – Општи информации (2012)
Живата и вакцините – Општи информации (2012)
Detoxification from mercury poisoning (2012)
Detoxification from mercury poisoning (2012)
Детоксификација од жива (2012)
Детоксификација од жива (2012)
Toolkit for Civil Society Organizations (2011)
Toolkit for Civil Society Organizations (2011)
Прирачник за ИПА за граѓанските организации (2011)
Прирачник за ИПА за граѓанските организации (2011)
Case study: Civil society organizations and instrument for Pre-Accession funds in Macedonia (2010)
Case study: Civil society organizations and instrument for Pre-Accession funds in Macedonia (2010)
Штетни хемикалии во козметиката, средства за чистење и играчките (2010)
Штетни хемикалии во козметиката, средства за чистење и играчките (2010)
Живата и здравјето (2010)
Живата и здравјето (2010)
Управување со истурена жива (2010)
Управување со истурена жива (2010)
Конзумирање на риба (2010)
Конзумирање на риба (2010)
Жива во здравството (2010)
Жива во здравството (2010)
Живата и вакцините (2010)
Живата и вакцините (2010)
Mercury status report in Macedonia (2010)
Mercury status report in Macedonia (2010)
Извештај за состојба со Жива во Македонија (2010)
Извештај за состојба со Жива во Македонија (2010)
Never mind the balance sheet (2008)
Never mind the balance sheet (2008)
Опасни врски – Ризиците од јавно-приватни партнерства во централна и источна Европа (2008)
Опасни врски – Ризиците од јавно-приватни партнерства во централна и источна Европа (2008)
Компаративна анализа на законите за Генетски Модифицирани Организми (2007)
Компаративна анализа на законите за Генетски Модифицирани Организми (2007)
Урбан шински сообраќај на градот Скопје (2006)
Урбан шински сообраќај на градот Скопје (2006)
Регионален железнички сообраќај на релација Скопје – Велес – Битола (2006)
Регионален железнички сообраќај на релација Скопје – Велес – Битола (2006)
Прирачник за градоначалници за управување со отпадот (2005)
Прирачник за градоначалници за управување со отпадот (2005)
Оцена на влијанието врз животната средина – До каде сме? (2004)
Оцена на влијанието врз животната средина – До каде сме? (2004)
Обиколен пат на Скопје – Комплетен извештај (2003)
Обиколен пат на Скопје – Комплетен извештај (2003)
Реконструкција на Балканот – Пакт за стабилност за Југоисточна Европа (2001)
Реконструкција на Балканот – Пакт за стабилност за Југоисточна Европа (2001)

На 14.02.2026 одржана втората Еко-трампа (2026)

Преку „Еко трампата“, Еко-свест продолжува да ја промовира филозофијата на „повторна употреба и рециклирање“. Оваа иницијатива ја намалува потребата за ново производство, го намалува отпечатокот врз животната средина и ја поттикнува солидарноста во заедницата преку едноставниот чин на споделување.

Околу 150 учесници донесоа свои сочувани предмети за размена и си најдоа други кои им привлекоа најмногу внимание.

Еко трампа „На ти го, дај ми го“ (2025)

Настанот ЕКО ТРАМПА „На ти го дај ми го“ е првенствено место за размена на енергии, насмевки и создавање пријателства. Еко трампата им овозможува на граѓаните да разменат предмети кои веќе не ги користат за оние што им се потребни. Секоја ситница која повеќе не ви е потребна, сега може да добие нова намена и втор живот благодарение на ЕКО ТРАМПА „На ти го дај ми го“.

 

Погледнете повеќе на линкот.

3D Printing Workshop (2025)

3D Printing Workshop – Активноста е дел од континуираната соработка меѓу Eko-svest и Europe House Struga, со цел да ги поттикнеме младите да истражуваат, учат и создаваат преку технологијата. Работилницата беше наменета за младите кои сакаат да научат повеќе за иновативните технологии и практичниот дизајн. Учесниците имаа можност да се запознаат со основите на 3D моделирањето и печатењето, и да видат како идејата може да се претвори во реален предмет!

Еко-свест на Дрим Шорт фестивалот (2025)

Во рамки на програмата на Drim Short Film Festival, Eko-svest реализира низа активности посветени на еколошката свест, заштитата на природата и улогата на филмот како медиум за општествена промена. Еден од централните настани беше јавната дискусија на тема „Иднината на нашите води и живиот свет што ги населува“, која се одржа во пријатната атмосфера во Europe House Struga

Прочитај повеќе

Хармонија помеѓу човекот и природата – Споменик на природа Вевчански извори (2025)

Документарен филм насловен како „Хармонија меѓу луѓето и природата – Споменик на природата Вевчански извори“, продуциран како дел од проектот „Поддршка за одржливо управување со Споменикот на природата Вевчански извори“, имплементиран од Еко-свест.

Целта на овој филм е да се подигне јавната свест за вредноста на заштитените подрачја и многуте придобивки што тие ги носат за локалните заедници. Преку привлечни визуелни елементи и лични приказни, филмот ја нагласува блиската врска меѓу луѓето и природата и ја истакнува важноста на зачувувањето на таквите подрачја за идните генерации.

Документарецот пренесува неколку локални изјави чии приказни внесуваат автентичност и емоционална длабочина, вклучувајќи ги:

  • Академик Владо Матески, научник и експерт за природно наследство
  • Васил Радиноски, првиот градоначалник на Вевчани
  • Томе Алулоски, 90-годишен овчар кој целиот свој живот го поминал во планините
  • Тошо Чочороски, локален туристички и културен промотор
  • Тихомир Мурѓески, доживотен собирач на печурки и ентузијаст за природа.

Планинска вело тура – Вевчанска Голина – Локва

(2025)

Вевчани повторно беше центар на авантурата и спортскиот дух, откако успешно се одржа традиционалната Планинска вело тура „Вевчанска Голина – Локва 2025“ организирана од Рупикапра МТБ Струга и Еко-свест Вевчани, со поддршка од проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори“, спроведуван од Еко-свест а финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Турата годинава собра над 140 учесници од различни делови на државата, кои имаа можност да уживаат во 30-километарската рута низ живописните предели на планината Јабланица, со вкупна елевација од околу 1100 метри.

Стартот беше во 09:00 часот од центарот на Вевчани, а патеката ги водеше велосипедистите низ Споменикот на Природа Вевчански Извори, Јанков Камен, манастирот Св. Климент и селото Горна Белица, завршувајќи на атрактивниот видиковец Вевчанска Голина. За најистрајните, турата продолжи со кратко планинарење до глацијалното езеро Вевчанска Локва, кое се наоѓа на над 1960 метри надморска височина

Обука за гаснење и превенција на пожари (2025)

На 28 јуни 2025 година, во Вевчани се одржа обука за превенција и спречување на шумски пожари, организирана од Еко-свест и Europe House Струга. Обуката беше наменета за граѓани и активисти кои сакаат да стекнат практични знаења за справување со шумски пожари и заштита на природата, особено во планинските подрачја.

Оваа активност е дел од пошироки напори за унапредување на еколошката свест и зајакнување на локалниот капацитет за дејствување во кризни ситуации. Темата за зачувување на Јабланица како природно богатство беше истакната како приоритет, особено во контекст на иницијативите за добивање на статус на национален парк. Тоа би значело посветеност на заштита, истражување и одржливо управување со подрачјето, како и вклучување на локалното население во процесите на планирање и спроведување на мерки за конзервација.

Учиме да компостираме- работилници за млади (2025)

Среќни сме што токму светскиот ден за заштита на животната средина, Еко свест го одбележа заедно со средношколците од ПСУ Алгоритам – Скопје и тоа на тема компостирање – лесен излез кон помалку отпад.

Препознавајќки го истото како важно, Еко свест на 5 јуни одржа две работилници за компостирање во домашни услови. Учениците од ПСУ Алгоритам – Скопје имаа можност да се запознаат со основите на поимот компостирање но и практично научија како биоотпадот на наједноставен начин можат да го вратат во природата.  

“Едукација, авантура и креативност во срцето на природата” (2025)

Вевчанските Извори станаа вистински центар на едукативни активности, каде ученици од различни училишта се запознаа со природата низ истражување, учење и креативност. Ова место, познато по своето природно богатство, стана инспирација за младите истражувачи кои преку интерактивни работилници го откриваа светот околу нив.

Теренските истражувања беа важен дел од програмата. Дел од учениците го истражуваа Белчишкото Блато, едно од најзачуваните мочуришта во Македонија, каде откриваа како водниот екосистем се поврзува со локалната историја и биодиверзитетот. Во исто време, млади истражувачи учествуваа во активности со најнова технологија – мерење трансекти, препознавање растителни и животински видови преку мобилни апликации, и стекнување знаења за тоа како да се заштитат шумите и водите.

Креираме Еко-херои со Макстрипови (2025)

За време на овогодинешниот Стрип Трип Фестивал кој има цел да ја развие и унапреди стрип културата во Македонија, Еко-свест во соработка со Здружението Макстрипови организираше работилница за деца за креирање на Еко-херои.

Инспирирани од моќите на природата, над 20 деца ги цртаа своите еколошки херои со поддршка и насоки од Здравко Гиров, стрип артистот кој заедно со Давор Драмиќанин го создадоа првиот македонски еколошки стрип серијал Тим ЕКО.

Работилницата беше организирана со цел да ја поттикне имагинацијата кај младите и да ја подигне свеста за потребата од акција за заштита на животната средина.

За време на фестивалот, кој се одржа од 6-8 јуни во МКЦ, организиравме и донаторска акција- за секоја донација доделувавме стрип Тим ЕКО. Средствата собрани од акцијата ќе бидат донирани за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани.

Собери, рециклирај, креирај – од рециклирана пластика до иновација (2024)

Преку проектот Собери, рециклирај, креирај-од рециклирана пластика до иновација – Проект дел од програма за мали грантови(Глобален еколошки фонд), за локалните училишта набавивме компјутерски станици, 3Д печатари и екструдери за филамент. Со овие машини, учениците користат селектирани пластични шишиња и создаваат едукативни помагала. Овој проект го воведе 3Д печатењето како иновативен начин за реупотреба на пластични шишиња, кое не само што придонесе за намалување на отпадот, туку и ги едуцира младите за важноста на рециклирањето во заштитата на природата.

Едукативни активности на Еко-свест Вевчани (2024)

Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани активно работи на подигнување на јавната свест за заштита на природата и живиот свет. Преку активностите на проектот “Поддршка на одржливо управување со Споменикот на Природа Вевчански Извори” финансиран од ПОНТ, спроведени се низа едукативни работилници со деца и млади, јавни дискусии и филмски проекции, како и уметнички работилници и посети во природа.

Смарт Охрид (2018)

Oваа предфизибилити студија ги содржи резултатите и анализите спроведени во рамките на стручна оценка и прецизирање на општите решенија предложени како дел од концептот „Смарт Охрид“. Студијата беше реализирана во текот на 2017 година. Целта на студијата е да обезбеди релевантни информации и практични решенија кои ќе послужат како основна алатка на одговорните субјекти од локалната и централната власт за реализација на оваа пилот идеја, која може да најде примена и на многу други слични простори во Република Македонија.