Мисијата на Еко-свест, меѓу другото е насочена кон поттикнување на граѓанска свесност и учество во процесите на донесување одлуки, како столб на секое демократско општество. Во таа насока, Еко-свест се залага за силно и активно граѓанско општество кое конструктивно делува и остварува соработка со сите релевантни чинители.
Како предуслов за активно граѓанство се информирањето и едукацијата. Еколошката едукација за жал е на ниско ниво, а свесноста на граѓаните за корелацијата помеѓу животната средина и човековото здравје не е доволна, иако бележи пораст во последната деценија.
Во последните дваесет години бевме сведоци на почеста појава на граѓански активизам, кампањи за заштита на животната средина, протести и герила акции, главно во доменот на аерозагадувањето, отпадот и индустријата. На минатите локални избори, еколошки активисти од неколку општини станаа дел од општинските совети како независни кандидати, за прв пат во историјата на независна Македонија. Ова покажа поразвиена свест кај граѓаните за потребите еколошките прашања да се третираат посериозно и за важноста на овие прашања во процесите на донесување одлуки.
Во време на климатска криза и климатската акција на еколошките активисти на глобално ниво, нашите граѓани стануваат посвесни и поподготвени нешто да преземат во однос на ова прашање. Оттука, наша одговорност е да продолжиме да информираме врз база на наука и податоци и да овозможиме што е можно поквалитетно и посуштинско учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки во област на заштитата на животната средина.
Нашата цел
Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во просперитет и во хармонија со животната средина. Притоа, свесните граѓани активно учествуваат во донесувањето на одлуките во доменот на животната средина и сите поврзани сектори. Учеството на јавноста е загарантирано, суштинско и корисно за подобрување на политиките и проектите на институциите. Институциите ја спознаваат важноста од учеството и овозможуваат постојани механизми за споделување на информации и консултации со јавноста.
Новите технологии овозможуваат полесен пристап до информации во двете насоки- кон граѓаните и кон институциите.
Нашите активности
Активностите на Еко-свест во секторот енергија ги опфаќаат речиси сите области во кои треба да се постигнат промени:
- Развој и надградба на иновативни технолошки решенија за учество, координација и комуникација- екосфера, екомапа, еко-школа.
- Граѓанска наука во мапирањето на клучни видови растенија, детектирање на проблеми во животната средина и сл.
- Спроведување обуки на тема учество на јавноста и пристап до информации за граѓански организации и локални заедници користејќи ги изработените едукативни прирачници на истата тема, вклучувајќи и преглед на правните механизми за делување на граѓаните.
- Соработка со уметници за креирање на уметнички содржини во областа на животната средина.
- Еколошка едукација на млади и наставници преку проектите на кои работи Еко-свест
ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ОБУЧУВАЧ
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест” од Скопје, во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за...
Првиот ден на пролетта
По повод првиот ден на пролетта Центарот за истражување и заштита на животната средина Еко-свест преку својата локална канцеларија во Вевчани во...
Листа на доделени грантови согласно повиците за доделување на грантови во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“
По однос на завршените повици за доделување на грантови во рамки на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ објавени во...
Повик за членство во локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани
Локалната канцеларија Еко-свест во Вевчани објавува повик за нови членови кои сакаат да се приклучат кон нашата организација. Мисијата на Еко-свест...
Придонеси кон науката
Мапирај го биодиверзитетот со iNaturalist мобилната апликација
Градење на еко-свест и активно граѓанство е долгорочен процес.
Kолекција на македонски пропагандни плакати од 1948/1949.
Плакатите даваат јасна и директна команда што треба да правиш: „Пошумивај!“, „Сади Памук!“, „Штеди!“…
Работници и земјоделци сложно работат, во позадина новоизградени фабрики, патишта, мостови, куќи и згради. Се визуелизира дадената команда – нацртано е точно што треба да правиш.
Извор: www.artlexicon.mk #artlexicon
Еко-мапа
Еко-мапа е алатка за мапирање на податоци поврзани со животната средина. Главната цел на мапата е мапирање на сите еко-проблеми и позитивни практики за справување со климатските промени на мапа на РС Македонија и нивниот сооднос со сет други административни, ортофото, топографски и тематски мапи, како и мапи за заштитени подрачја во РС Македонија. Како дел од Еко-мапа е развиен модул за пријавување еколошки проблеми и за истиот има мобилна апликација на Android PlayStore.