По повод првиот ден на пролетта Центарот за истражување и заштита на животната средина Еко-свест преку својата локална канцеларија во Вевчани во соработка со Основното училиште Страшо Пинџур од Вевчани организираа заедничка акција за засадување садници.
Учениците од основното училиште заедно со тимот на Еко-свест засадија садници во училишниот двор кој во иднина ке служат како сенка во летните денови и ќе не потсетуваат колку ни се потребни зелените површини.
По повод денот на пролетта апелирами за поголема свесност и поголема грижа за животната средина.Зеленило има значајна улога во квалитетот на нашето живеење, но и во прочистувањето на воздухот и намалување на аерозагадувањето
Обновувањето и зголемувањто на шумските екосистеми е еден од основните предуслови за зачувување на здрава животна средина и опстанок на животот каков што го знаеме. Шумите се климатски стабилизатори со големо влијание врз сите екосистеми.
Еко-свест преку локалната канцеларија во Вевчани ке продолжи со процесот на едукација на учениците, локалното население и туристите за значењето на зелените површини и зачувувањето на шумите.

Share This

Share this post with your friends!