Мисијата на Еко-свест, меѓу другото е насочена кон поттикнување на граѓанска свесност и учество во процесите на донесување одлуки, како столб на секое демократско општество. Во таа насока, Еко-свест се залага за силно и активно граѓанско општество кое конструктивно делува и остварува соработка со сите релевантни чинители.

Како предуслов за активно граѓанство се информирањето и едукацијата. Еколошката едукација за жал е на ниско ниво, а свесноста на граѓаните за корелацијата помеѓу животната средина и човековото здравје не е доволна, иако бележи пораст во последната деценија.

Во последните дваесет години бевме сведоци на почеста појава на граѓански активизам, кампањи за заштита на животната средина, протести и герила акции, главно во доменот на аерозагадувањето, отпадот и индустријата. На минатите локални избори, еколошки активисти од неколку општини станаа дел од општинските совети како независни кандидати, за прв пат во историјата на независна Македонија. Ова покажа поразвиена свест кај граѓаните за потребите еколошките прашања да се третираат посериозно и за важноста на овие прашања во процесите на донесување одлуки.

Во време на климатска криза и климатската акција на еколошките активисти на глобално ниво, нашите граѓани стануваат посвесни и поподготвени нешто да преземат во однос на ова прашање. Оттука, наша одговорност е да продолжиме да информираме врз база на наука и податоци и да овозможиме што е можно поквалитетно и посуштинско учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки во област на заштитата на животната средина.

Нашата цел

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во просперитет и во хармонија со животната средина. Притоа, свесните граѓани активно учествуваат во донесувањето на одлуките во доменот на животната средина и сите поврзани сектори. Учеството на јавноста е загарантирано, суштинско и корисно за подобрување на политиките и проектите на институциите. Институциите ја спознаваат важноста од учеството и овозможуваат постојани механизми за споделување на информации и консултации со јавноста.

Новите технологии овозможуваат полесен пристап до информации во двете насоки- кон граѓаните и кон институциите.

Нашите активности

Активностите на Еко-свест во секторот енергија ги опфаќаат речиси сите области во кои треба да се постигнат промени:

  1. Развој и надградба на иновативни технолошки решенија за учество, координација и комуникација- екосфера, екомапа, еко-школа.
  2. Граѓанска наука во мапирањето на клучни видови растенија, детектирање на проблеми во животната средина и сл.
  3. Спроведување обуки на тема учество на јавноста и пристап до информации за граѓански организации и локални заедници користејќи ги изработените едукативни прирачници на истата тема, вклучувајќи и преглед на правните механизми за делување на граѓаните.
  4. Соработка со уметници за креирање на уметнички содржини во областа на животната средина.
  5. Еколошка едукација на млади и наставници преку проектите на кои работи Еко-свест

Реакција на Еко-свест во врска со најавите на АД ЕСМ за топланите во Скопје: Јавното здравје мора да биде дел од носењето одлуки во енергетската криза.

Предмет: Сooпштение до јавноста Грижата за јавното здравје мора да е дел од носењето одлуки во енергетската криза Скопје, 05.11.2022 г. - Последните...

Придонеси кон науката

Мапирај го биодиверзитетот со iNaturalist мобилната апликација

Градење на еко-свест и активно граѓанство е долгорочен процес.

Kолекција на македонски пропагандни плакати од 1948/1949.

Плакатите даваат јасна и директна команда што треба да правиш: „Пошумивај!“, „Сади Памук!“, „Штеди!“…

Работници и земјоделци сложно работат, во позадина новоизградени фабрики, патишта, мостови, куќи и згради. Се визуелизира дадената команда – нацртано е точно што треба да правиш.

Извор: www.artlexicon.mk #artlexicon

Еко-мапа

Еко-мапа е алатка за мапирање на податоци поврзани со животната средина. Главната цел на мапата е мапирање на сите еко-проблеми и позитивни практики за справување со климатските промени на мапа на РС Македонија и нивниот сооднос со сет други административни, ортофото, топографски и тематски мапи, како и мапи за заштитени подрачја во РС Македонија. Како дел од Еко-мапа е развиен модул за пријавување еколошки проблеми и за истиот има мобилна апликација на Android PlayStore.

Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори – Природата во очите на децата (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори – Игралиште за млади истражувачи (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори –  Експериментално поле за млади научници (2024)
Споменик на Природа Вевчански Извори –  Експериментално поле за млади научници (2024)
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА ПРАШАЊА И ОБЛАСТИ КОРИСНИ ЗА РАБОТАТА НА ЕКОЛОШКИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (2023)
ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ ЗА ПРАШАЊА И ОБЛАСТИ КОРИСНИ ЗА РАБОТАТА НА ЕКОЛОШКИ ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ (2023)
Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)
Тим ЕКО – Иднината е во природата (2022)
УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)
УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА ВО УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊE (2022)
Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)
Прирачник со едукативни активности за заштита на природата (2022)
Пчели-повеќе од мед (2022)
Пчели-повеќе од мед (2022)
Како да се подготвите за престој во природа? (2022)
Како да се подготвите за престој во природа? (2022)
Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)
Меѓународните конвенции и нивното значење (2022)
QENDRONI TË SIGURT DHE FLISNI HAPUR (2021)
QENDRONI TË SIGURT DHE FLISNI HAPUR (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
STAY SAFE AND SPEAK OUT (2021)
БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ПРОГОВОРЕТЕ ЈАВНО (2021)
БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ И ПРОГОВОРЕТЕ ЈАВНО (2021)
Тим ЕКО (2021)
Тим ЕКО (2021)
Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)
Го откриваме светот со Полјанка Ливадовска- Прирачник за запознавање на природата преку игра (2021)
Зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)
Примери на добра практика во зелената економија и зеленото претприемништво (2020)
Приказна за Јагленко (2020)
Приказна за Јагленко (2020)
Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Прирачник за зелена економија и зелено претприемништво (2020)
Тим ЕКО (2020)
Тим ЕКО (2020)
Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)
Користете ги правните алатки и механизми за заштита на животната средина (2019)
Прирачник за мониторинг на клучните видови флора и фауна и типови живеалишта (2019)
Прирачник за мониторинг на клучните видови флора и фауна и типови живеалишта (2019)
Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Енергија и извори на енергија за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Енергија и извори на енергија за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Екосистем за 4, 5 и 6 одделение (2018)
Екосистем за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Екосистем за 7, 8 и 9 одделение (2018)
Приказна за Јагленко (2018)
Приказна за Јагленко (2018)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Blueprint developed by CSOs for urgent democratic reforms (2018)
Smart Ohrid concept – Pre-fesibility study (2018)
Smart Ohrid concept – Pre-fesibility study (2018)
Смарт Охрид Концепт – Предфизибилити студија (2018)
Смарт Охрид Концепт – Предфизибилити студија (2018)
ПАМЕТНИ ГРАДОВИ (2015)
ПАМЕТНИ ГРАДОВИ (2015)
Civil society positions regarding the IPA programming in Macedonia for the 2014-2020 period (2012)
Civil society positions regarding the IPA programming in Macedonia for the 2014-2020 period (2012)
Ставовите на македонскиот граѓански сектор за програмирањето на ИПА фондовите за 2014-2020 година во Македонија (2012)
Ставовите на македонскиот граѓански сектор за програмирањето на ИПА фондовите за 2014-2020 година во Македонија (2012)
Public participation experiences from IPA countries (2012)
Public participation experiences from IPA countries (2012)