Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Поддршка на одржливо управување со Споменикот на природа Вевчански Извори “ финансиран од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, објавува повик за изразување на интерес за развој и брендирање на шумски производи.

Повикот е отворен за физички и правни лица со адреса или седиште во Вевчани.

На лицата кои ќе изразат интерес Еко-свест им нуди брендирање на производот или производите.

  • Креирање на идентитет на производот, се однесува на уникатниот знак или обележје кој се користи за да се идентификува производот;
  • Визуелно присуство на производот, начинот на кој производот изгледа и се претставува пред потрошувачите. Ова вклучува аспекти како дизајнот, боите, формата, текстурата, логоата, и други визуелни елементи кои може да влијаат на внатрешната и надворешната привлечност на производот;
  • Маркетинг на производот, активности што ќе се користат за да се промовира производот на пазарот.

Услов за изразување на интерес на овој повик е лицето да биде со седиште/место на живеење во Вевчани.

Критериуми за избор:

  • Производот за кој се бара поддршка мора да биде производ од природата
  • Неговото собирање, обработка и пласирање мора да биде одржливо и еколошко, без употреба на пластика и нееколошки материјали и во согласност со принципите на заштита на животната средина
  • Производот треба да се смета за здрав и природен производ
  • Производот треба да потекнува од подрачјето на Вевчани, односно од заштитеното подрачје

Оценка на предложените производи:

За претставителност на подрачјето – 30 бодови

За еколошки природно потекло – 30 бодови

За мотивација на предлагачот и капацитет за изведба – 30 бодови

За уникатност – 10 бодови

Повикот е отворен до 08.07.2024 година.

Потребна документација за пријава:

  • писмо за интерес, во кое ќе се содржат основни информации за предлагачот, производот кој ќе биде предмет на подршката и изворот и потеклото на ресурси/плодови кои се потребни за изработка на продуктот, како и потребата од поддршка за која се изразува интерес, и
  • пополнета Потврда за посветеност и Декларација за судир на интереси за индивидуални/физички лица (Анекс 1) или Изјава од понудувач (Анекс 2) за правни лица.

Потребната документација се доставува во електронска форма на следниот е-маил [email protected] или можете да ја доставите во писмена форма во канцеларијата на Еко-свест во Вевчани.

Со сите предлагачи Еко-свест ќе организира посебни средби за презентирање на производот.

Пријавите за изразување интерес кои ќе пристигнат по наведениот рок или без целосна документација, нема да бидат разгледувани.

Повеќе информации можете да добиете на телефон 078 449 209, на е-маил [email protected] или во локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани, најдоцна до 05.07.2024 година. Пристигнатите прашања од кој било од заинтересираните понудувачи ќе бидат одговорени и доставени до сите поканети понудувачи и објавени на веб-страницата на Еко-свест под објавата за повикот.

Секој кандидат кој има изразено интерес ќе биде поканет на консултативен состанок во неделата после 15.07.2024 година. На тој состанок кандидатите ќе имаат можност подетално да го презентираат производот и потребата од поддршка на производот.

Еко-свест ќе формира Комисија за селекција која ќе изврши избор на најдобриот кандидат.

Избраниот кандидат ќе биде известен не подоцна од 21.07.2024 година. Договор со избраниот кандидат ќе биде потпишан не подоцна од 31.07.2024 година.

Еко-свест ќе ги извести сите кандидати за изборот.

Share This

Share this post with your friends!