Заробени реки

Изградбата на мали хидроцентрали остава непоправливи последици по животната средина и природата, го загрозува опстанокот на заштитените и ендемски видови, како и луѓето.
Да кажеме НЕ на малите хидроцентрали и уништувањето на реките!
Да ги оставиме реките слободно да течат и да ја жуборат својата приказна. Приказна која значи живот за сите нас и за следните генерации!

Приказна за Јагленко

Запознајте го Јагленко. Неговото име ве потсетува на нешто? Не? Тогаш дозволете му да ви раскаже една приказна за минатото, сегашноста и зелената иднина!

Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест добитник на престижна награда за животна средина

Наградата за животна средина Goldman се доделува секоја година на заслужни херои од областа на животната средина од сите шест населени континенти во светот. Оваа година наградата е доделена на активисти од Чиле, Либерија, Монголија, Куковите Острови, САД, а меѓу добитниците е и Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање Еко-свест од Македонија.

Заштитено подрачје Вевчански извори

Советот на Општина Вевчани го усвои Планот за управување со споменикот на природа Вевчанските извори, со што Вевчани претставува модел како мала заедница може да живее во склад со природата, и претставува пример за идниот Национален парк Јабланица.

Смарт Охрид

Концептот „Смарт Охрид“ се заснова на принципите за управување со сообраќајот широко користени низ целиот свет, со цел: да се минимизира сообраќајниот метеж, да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намалат влијанијата врз животната средина и климатските промени, да се подобри подвижноста и пристапноста и да се намалат трошоците.

Оригинален и иновативен

Воведувањето на одржлив и интегриран транспортен систем во Балкански национален парк и Светското наследство на УНЕСКО ќе биде важен пример што другите би можеле да го следат. И самиот ќе претставува туристичка атракција.

Најнови објави за енергија и клима

Транзицијата на Кичево – праведна или неправедна? Од нас зависи

Транзицијата на Кичево – праведна или неправедна? Од нас зависи

Автор: Невена Смилевска Стратегијата за енергетика која го мапира развојот на македонскиот енергетски сектор до 2040 година во сите свои сценарија предвидува итно затворање на ТЕЦ Осломеј. Зошто тоа е најдобар избор е кажано во многу публикации од енергетски,...

read more
ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на консултант за изработка на студија на случај

ОТВОРЕН ПОВИК за ангажирање на консултант за изработка на студија на случај

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје во рамки на проектот „Децентрализација на праведната транзиција’’ има потреба од ангажирање на консултант за изработка на студија на случај за процесот на донесување на одлуки во локалната...

read more
Енергетската криза и транзицијата на регионите со јаглен

Енергетската криза и транзицијата на регионите со јаглен

Од Невена Смилевска Фотографија: Рудникот Суводол и РЕК Битола. Автор: Давор Пeхчевски Тековната енергетската криза не потсети дека не сме направиле ништо за реален развој на енергетскиот сектор во изминатите 30 години. Исто така не потсети и дека сме комплетно...

read more

Мисија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Визија

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.