Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) вчера одобри заем од 98,6 милиони евра за гасовод што ќе и овозможи на Северна Македонија да ја зголеми потрошувачката на гас за три до шест пати во споредба со 2021 година, годината со најголема потрошувачка досега. (1)

Проектот за интерконектор за гас Грција – Северна Македонија исто така е предмет на формални жалби до механизмот за одговорност на ЕБОР и Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, бидејќи беше прекршено законското барање за одржување јавни консултации на национално ниво пред да се izдаде еколошка дозвола. (2)

Згора на тоа, ниту властите во Северна Македонија, ниту ЕБОР не го оценија најзначајното влијание на гасоводот – емисиите на стакленички гасови од согорувањето на транспортираниот гас – ниту открија зошто е потребен толку многу гас или за што ќе се користи.

Ана Чоловиќ Лешоска, Еко-свест – „ЕБОР тврди дека овој гасовод ќе ѝ помогне на Северна Македонија да се оддалечи од јагленот, но предоцна е да се замени едно фосилно гориво со друго. Нов гас не е потребен за електроенергетскиот сектор, како што покажува енергетската стратегија на земјата. На соодветно поставените соларни, ветерни, геотермални централи и топлински пумпи мора да им се даде приоритет сега, а не за 20 години“.

Пипа Галоп, CEE Bankwatch Network – „Со климатскиот хаос кој излегува од контрола, непристојно е што ЕБОР сè уште поддржува фосилни горива со јавни пари. Овој гасовод или ќе доведе до големо зголемување на потрошувачката на гас или ќе стане скапо некористено средство. Денешната одлука е револтирачка, но не е крајот на приказната. Ќе продолжиме да работиме за да го запреме проектот и да се насочиме кон иднината на чиста енергија“.

Контакти

Пипа Галоп,

Координатор за енергетска политика во Југоисточна Европа, CEE Bankwatch Network

[email protected]

+385 99 755 9787

Ана Чоловиќ Лешоска,

Извршен директор Центар за истражување и информирање за животната средина Еко-свест

[email protected]

+38972726104

Белешки за уредниците:

  1. Резиме на проектот на ЕБОР: https://ebrd.com/work-with-us/projects/psd/51747.html

    Повеќе информации за проектот се достапни овде.

    2. За повеќе информации за поплаките погледнете овде и овде.

    Share This

    Share this post with your friends!